Достапни линкови

Собранието го одобри буџетот на Јанева


Катица Јанева

Катица Јанева

Собранието на денешната седница седница го усвои буџетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Без ниту еден збор расправа пратениците го одобрија буџетот во износ од околу еден милион евра на предлог на министерот за финансии Зоран Ставрески. Но, Јанева се уште чека на целосно комплетирање на нејзиниот тим за да започне со работа. Тимот на Јанева е една од спорните точки во преговорите за спроведување на договорот од Пржино за кои се уште нема договор.

XS
SM
MD
LG