Достапни линкови

logo-print

Словенечката полиција употребила солзавец на границата


На словенечко хрватскиот граничен премин Трновец, Средошче об Драви синоќа дошло до судир на словенечката полиција со група мигранти кои се обиделе да ја пробијат оградата за да влезат во Словенија. Притоа словенечката полиција употребила палки и солзавец за да ги спречи да стигнат до автобусот кој бил на словенечката страна од границата. Претходно, Хрватска повторно ја отвори границата со Србија пропуштајќи повеќе илјади мигранти кои таму беа заглавени речиси два дена. Од хрватска страна бегалците чекаат автобуси кои ги превезуваат во прифатниот центар Опатовац, а превозот го обезбедува хрватската полиција.

XS
SM
MD
LG