Достапни линкови

logo-print

Затворен познат имам во Киргистан


Имамот Рашод Кори Камолов.

Имамот Рашод Кори Камолов.

Имам на голема џамија во јужен Киргистан е осуден на пет години затвор поради обвиненија за тероризам. Имамот Рашод Кори Камолов бил прогласен за виновен за поттикнување на верски раздор и поседување и дистрибуција екстремистички материјали, соопшти неговиот адвокат. Камолов е етнички Узбекистанеци и е влијателен верски свештеник во џамијата во Ас-Саракши во областа Кара Су. Тој беше уапсен во февруари за сомненија дека бил активен член на забранетата исламистичка група Хизб ут-Тахрир и за повикање за воспоставување на исламски калифат во Киргистан. Неговото судење започна на 24 јули, а тој се изјасни дека е невин.

XS
SM
MD
LG