Достапни линкови

САД и Русија бараат начин за паралелни кампањи во Сирија


Русија втор ден извршува воздушни напади во Сирија, велејќи дека цел се позиции на групата на Исламската држава. Но, погодените области се чини дека се на групи различни од милитантите на ИД и од ооние на сириската Влада. Во услови на загриженоста на Западот и на Саудиска Арабија за најголемата интервенција на Москва надвор од поранешниот Советски Сојуз по војната во Авганистан во 1980 година, претседателот Владимир Путин рече дека руското министерство за одбрана работи да воспостави контакт со Пентагон во врска со воената акција во Сирија. Потоа претставник на министерството за одбрана на САД беше цитиран како вели дека војските на САД и на Русија ќе одржат разговори преку видео линк, за да најдат начини да ги задржат нивните сили настрана додека се случуваат паралелните кампањи во Сирија. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во воздушните напади се погодени 12 позиции на ИД во последните 24 часа и дека авионите строго избегнувале бомбардирање на населени области.

XS
SM
MD
LG