Достапни линкови

Министерството негира: Не се вработени 185 илјади административци


Министерството за информатичко општество и администрација во писмена реакција ги демантира тврдењата во јавноста дека во јавната администрација биле вработени 185 илјади луѓе. Во нивното соопштение е наведено дека текстовите во медиумите кои ги содржат овие бројки ги оценува како неточни, шпекулативни и груб обид за манипулација со јавноста.

Во јавниот сектор се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија и тоа е далеку помалку од бројката со која лажно се шпекулира во јавноста, е наведено во соопштението. Институциите на јавниот сектор во Република Македонија ги опфаќаат органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од единиците на локалната самоуправа се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG