Достапни линкови

Украина и САД велат загрозен е мировниот договор


Украина и САД ја осудија одлуката на проруските сепаратисти за забрана на неколку странски хуманитарни организации да имаат активности во територијата што е под надлежност на бунтовниците. Тие сметаат дека со ваквата одлука се прекршува мировниот договор од Минск. Причината за ваквиот став е одбивањето за акредитирање на неколку хуманитарни организации и како и протерувањето на претставниците на агенциите на Обединетите Нации што предизвика остри реакции и протести од засегнатите страни. Украина смета дека со овој потег бунтовниците го прекршуваат мировниот план во кој е наведено дека треба да се обезбеди безбеден пристап и дистрибуција на хуманитарна помош низ „меѓународните механизми“. Портпаролката на украинскиот претседател изјави дека Украина изразува длабока загриженост поради забраната на работа на меѓународните организации. Таа додава дека бркањето на овие организации остава во ризик 3 милиони луѓе во сепаратистичките делови од државата.

XS
SM
MD
LG