Достапни линкови

Во знак на протест се самозапали таксист во Азербејџан


Илустрација.

Илустрација.

Такси возач во азербејџанскиот источен град Сумгајит се самозапалил во знак на протест, наводно поради недолично однесување на локална сообраќајна полиција. Тоа е најмалку седмата жртва во Азербејџан од почетокот на 2014 година, што во знак на протест си го одземала животот со самозапалување. Канцелариите на обвинителот и на полицијата во Сумгајит преку заедничко соопштение велат дека 27-годишниот Максад Сулејманов брзал накај болници во главниот град Баку, каде починал неколку часа подоцна и дека не се знаат причините за самоубиството. Но, очевидци на социјалните мрежи велат дека Сулејманов истурил безнин врз себе и се запалил, велејќи дека протестира против злоупотребата на сообраќајната полиција.

XS
SM
MD
LG