Достапни линкови

logo-print

За 24 часа поминале 6000 мигранти низ Македонија


Повеќе од 4.000 мигранти во текот на изминатите 24 часа со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово пак кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија. Според проценките на УНХЦР и невладините организации кои се вклучени во справувањето со бегалската криза, бројот на мигранти кои што вчера транзитирале низ нашава земја е многу поголем, односно повеќе од 6.000 мигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера активни во превозот на мигрантите беа уште автобусите и такси возилата.

XS
SM
MD
LG