Достапни линкови

Судот во Баку ја запре последната изјава на новинарката Исмаилова


Судијата во судскиот процес против Хадиџа Исмаилова, денеска ја запре новинарката од Азербејџан при читањето на нејзината последна изјава, во расправата што се очекиува да биде одложена до 1 септември.

Во нејзината завшна изјава Исмаилова ги осуди обвиненијата против неа. Таа е обвинета за клевета, даночно затајување, нелегални бизнис активности и злоупотреба на службена положба. Исмаилова обвиненијата ги нарече „измама“, со цел да се замолчи нејзиното истражувачко известување.

Обвинителот побара од судијата да ја запре нејзината изјава, откако таа го спомна името на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев. Исмаилова, која е соработник за Радио Слободна Европа, инсистира дека обвиненијата против неа се политичка одмазда за нејзиното истражувачко новинарстово за корупција во која се вклучени високи функционери од Азербејџан, вклучително и претседателот Алијев.

За денеска беше закажано Исмаилова да ја даде нејзината последна изјава. Откако ќе биде дадена нејзината последна изјава, судијата може веднаш да ја донесе пресудата или да закаже друга сесија во која ќе ја објави пресудата. Обвинителите побараа девет години затворска казна против Исмаилова.

XS
SM
MD
LG