Достапни линкови

logo-print

Сè повеќе невработени во Тетово


Илустрација.

Илустрација.

Бројот на невработени во Тетово за една година е зголемен за 3 илјади. Надлежните објаснуваат дека нема драстично зголемување на невработеноста, туку тоа е така поради тоа што корисниците на социјална помош мора да се пријават како активни баратели на работа.

27-годишниот Зоран Пауновски од Тетово е еден од големиот број млади тетовци кои годинава одлучиле егзистенција да обезбедат со тоа што ќе работат во странство. Долго време не можел да најде работа според стекнатото образование, па затоа заминува од Македонија.

Јас се одлучив да работам на брод. Претходно искуство имав како келнер. Во кафуле, во ресторан за брза храна. Година и пол имав искуство во ресторан за брза храна, но тој ресторан не траеше долго и се затвори.

„Јас се одлучив да работам на брод. Претходно искуство имав како келнер. Во кафуле, во ресторан за брза храна. Година и пол имав искуство во ресторан за брза храна, но тој ресторан не траеше долго и се затвори“, вели тој.

И статистичките показатели покажуваат дека сè повеќе ќе има невработени кои се потенцијални кандидати да заминат на работа надвор од земјата. Бројот на невработени во тетовско бележи драстично зголемување ако се споредуваат полугодишните статистички податоци на Агенцијата за вработување за 2014 и 2015 година. По првите шест месеци во 2014 имало 10.548 невработени, додека година бројката е зголемена за речиси 3.000 и изнесува 13.505.

Декември 2014 година се правеше пререгистрација на корисниците на социјална помош и сите корисници на социјална помош мора да бидат активни баратели на работа.

„Декември 2014 година се правеше пререгистрација на корисниците на социјална помош и сите корисници на социјална помош мора да бидат активни баратели на работа“, објаснува раководителот на Центарот, Томислав Трифуновски, како настанало значајното зголемување на бројките.

Од друга страна, советникот во тетовскиот Совет, Драган Давидовски од редовите на ВМРО-Народна партија, смета дека во Тетово државата нема направено позитивна економска клима за да има повеќе вработувања.

„Очигледно е дека е сè повеќе млади способни го напуштаат нашиот град. Еве скоро година дена и повеќе од слободната економска зона нема ништо, сè уште ни една фабрика не е отворена и не почнала со работа. За стопанските капацитети од минатото се знае дека голем број од нив се затворија, иако имаше можности да се отворат да проработат. Сепак не дојде до тоа. Интересен е случајот со ШИК Јелак, каде 95 посто државата беше доверител. Можеше да се санира, државата да ги преземе обврските, меѓутоа во Тетово не се случи тоа“, потенцира Давидовски.

Како невработени во тетовскиот центар се водат 4 доктори на науки, 52 магистри, 1.463 лица со високо образование, како и 6.700 луѓе без образование или само со основно училиште.

XS
SM
MD
LG