Достапни линкови

logo-print

Задоволни од досегашните постигнати ефекти, од Владата најавуваат влез на дваесет и пет нови странски компании дома. Економистите пак оценуваат дека резултатите не се задоволителни, а влезот на странски капитал е недоволен за да предизвика посериозен развој на стопанството. Според повеќето од нив ефектите се повеќе промотивни за Владата, отколку што има резултати во економијата.

Со официјалното објавување на три нови инвестиции во Прилеп, Скопје и Струга, но и со најава за 25 компании кои ќе ја објават својата инвестиција во 2015 година, македонските власти уверуваат дека земјава е поволна бизнис дестинација меѓу странските компании.

Инвестициите веќе влијаат, една третина од севкупниот извоз од Македонија е од слободните економски зони. Ние кога дојдовме имаше 38 отсто невработеност, за да стигнеме до 27, 9 отсто и континуирано опаѓа, значи имаме многу директна и индиректна корист од доаѓањето на овие инвестиции.

​ ​На крајот од 2014 година, на својот фејсбук профил премиерот Никола Груевски гордо најави три нови инвестиции, за трите компании кои е ќе инвестираат тука. Тоа се компаниите Гентерм, која според најавите во Прилеп ќе отвори 1000 работни места, потоа Капкон во која би требало да се вработат 400 лица и германската компанија Костал која во Струга планира да отвори нови 1000 работни места во период од 5 до 7 години. Премиерот изјави дека ефектите од странските директни инвестиции веќе се видливи, а со новите инвестиции очекува зголемување на директната корист од нивниот капитал дома.

​ ​„Инвестициите веќе влијаат, една третина од севкупниот извоз од Македонија е од слободните економски зони. Ние кога дојдовме имаше 38 отсто невработеност, за да стигнеме до 27, 9 отсто и континуирано опаѓа, значи имаме многу директна и индиректна корист од доаѓањето на овие инвестиции“, рече премиерот Никола Груевски неодамна во интервју.

Таа сама бројка ама баш ништо не значи, ама баш ништо. Тоа е една бројка употребена во пропагандни, во рекламни цели на Владата. Кога ќе се дадат сите тие субвенции што ги дава владата, опростување на даноци, колку е навистина ефектот за Македонија, ама ние не го знаеме, никој не може да дојде до тој податок.

​ ​Советникот за странски инвестиции на премиерот Никола Груевски, Алек Никовски неодамна изјави дека целта на владата е да обезбеди рамномерен развој на сите региони во државата, па оттука настојувањата да се дисперзираат се поголем број на инвеститори низ целата територија на државата. Никовски уверува дека инвестицискиот циклус ќе продолжи со забрзано темпо годинава и дека за власта секоја инвестиција е значајна, без разлика на големината на бројките. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо вели дека на инвестициски план 2014 година година била една од најуспешните години. Минатата година 13 компании објавија дека ќе инвестираат во ТИРЗ,а во 2015 година во компаниите лоцирани во развојните зони очекуваат зголемување на извозот за 10 до 15 проценти.

И покрај сите владини напори и заложби, Македонија е последна во регионот по привлекувањето на странски директни инвестиции, се наведува во извештај на ОН.

Македонија едноставно се распродава, јас едноставно не разбирам како може да е добро за Македонија да им се дадат сите тие ресурси, сите тие гаранции на странски инвеститори, тие да платат минимална плата до 9.000 -10.000 денари и тоа да биде среќа за Македонија и тоа да биде прогласено за успех.

Во земјата лани влегле 334 милиони долари странски капитал, за разлика од Црна Гора каде влегле 447 милиони долари, а во Србија и Албанија имало двојно повеќе. Последните податоци на Народна банка покажуваат дека во земјава во првите девет месеци од годината влегле околу 200 милиони евра странски инвестиции. Дали оваа бројка е блиску до капацитетот на земјата за привлекување странски инвестиции?

​ ​„Таа сама бројка ама баш ништо не значи, ама баш ништо. Тоа е една бројка употребена во пропагандни, во рекламни цели на Владата. Зошто Владата не каже за бројот на вработени, кој го контролира, дали се навистина толку? Зошто владата не каже колкав е нето ефектот? Кога ќе се дадат сите тие субвенции што ги дава владата, опростување на даноци, колку е навистина ефектот за Македонија, ама ние не го знаеме, никој не може да дојде до тој податок“, вели потпретседателот на СДСМ, професор Ванчо Узунов.

Според некои пресметки на експертите, генерално во светот, отприлика странските инвестиции во една земја се движат некаде до 10 проценти од брутодомашниот производ во просек, што пак би значело дека 10 насто од БДП во Македонија е околу 400 милиони евра.

​ ​Поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев, вели дека скоро 5 милијарди е негативно салдото меѓу она што Македонија го чува надвор како имот и она што странците го поседуваат и побаруваат во Македонија. Условите кои им се даваат на странските компании со цел да го инвестираат својот капитал тука се полоши од капитализмот и не се добри за македонските граѓани.

По нешто сигурно ќе ја памтиме оваа влада, а тоа е дека секој ден имаме објави кои фирми ќе доаѓаат во Македонија и дека ќе вработуваат минимум 1.000 луѓе, но од ова да се реализираа и 10 проценти од ветувањата на владата, ние немаше да имаме толкав процент на невработеност од речиси 30 проценти, туку ќе увезувавме и работна рака.

​ ​„Македонија едноставно се распродава, јас едноставно не разбирам како може да е добро за Македонија да им се дадат сите тие ресурси, сите тие гаранции на странски инвеститори, тие да платат минимална плата до 9.000 -10.000 денари и тоа да биде среќа за Македонија и тоа да биде прогласено за успех. Кој денеска може да живее со 9.000 денари? Секојдневно се фалат дека тоа е добро и дека има резултат, меѓутоа резултатот е огромна сиромаштија во Република Македонија. Ние сме со највисок процент на сиромаштија, не само во Европа, туку и во споредба со многу земји во светот. Ние сме земја со најголема нееднаквост во Европа и не само во Европа. Нееднаквоста во Македонија е веќе иста со најнееднаквите земји во Латинска Америка и во Африка.

Ловот по странски инвестиции стана препознатлив знак за македонските власти. Годината зад нас беше во знакот на роуд шоуата на владините делегации кои не штедеа пари и буквално се растрчаа насекаде низ светот. Странски инвеститори се бараа од исток до запад, па и на север, од блиските земји на Балканот, до Русија и Скандинавија, па и до далечна Кина и Јапонија. Последните два месеци од минатата година во фокус на роуд шоуата беа Соединетите Држави и Канада. Дел од експертската јавност оценува дека таквите патувања чинат повеќе отколку што даваат резултати.

Мислам дека владата ги таргетира погрешно државите, ние бараме глобални компании, а се негира присуството на таа дијаспора кои се економски работници од Македонија во странските земји.

​ ​„По нешто сигурно ќе ја памтиме оваа влада, а тоа е дека секој ден имаме објави кои фирми ќе доаѓаат во Македонија и дека ќе вработуваат минимум 1.000 луѓе, но од ова да се реализираа и 10 проценти од ветувањата на владата, ние немаше да имаме толкав процент на невработеност од речиси 30 проценти, туку ќе увезувавме и работна рака“, вели професорот Биљал Касами.

​ ​Со овој став се согласува и економскиот аналитичар Висар Адеми. Странските директни инвестиции се долгорочен процес и не може да се очекува дека едно роуд шоу ќе биде доволно за една странска компанија да се одлучи да инвестира во земјава.

Факт е дека лесно и не доаѓаат странските инвеститори и сите очекуваат погодности, бидејќи повеќето држави ја градат својата економска политика на концептот на привлекување на странски директни инвестиции истото го прават нудејќи подобри услови.

​ ​„Статистички на една компанија и треба околу 3 години, додека одлучи за дојде во некоја трета земја, во овој случај во Македонија и самата имплементација на таа инвестиција. Мислам дека владата ги таргетира погрешно државите, ние бараме глобални компании, а се негира присуството на таа дијаспора кои се економски работници од Македонија во странските земји.“

Професорот Узунов вели дека вработувањето на работна сила е корисно од доаѓањето на нови странски инвестиции. Но, според него прашање е дали тие вработувања се нови или се работи за само за пренамена на работна сила од едно на друго место.

​ ​„Тие преземаат работна сила од домашни претпријатија која е веќе обучена и навистина е големо прашање колку сите тие се нови вработувања, секако дека самото вработување не е мало, она што е проблем е што инвеститорот доаѓа тука пред се затоа што тука наоѓаат неверојатно, посебно за европски услови, евтина работна сила.“

Досегашното искуство покажува дека кај нас главните странски инвестиции главно се засновани на поволностите, односно субвенциите кои ги дава македонската влада, а не како интерес на странските инвеститори.

​ ​Експертите велат дека за позитивните ефекти од странските директни инвестиции е тешко да се даде прецизен одговор. На пример се очекува дека странските инвеститори ќе користат понови технологии и дека е можна дифузија на технологиите кон домашните компании. Тоа пак значи дека странските компании се попродуктивни, односно можат да произведат повеќе за единица време, што пак позитивно влијае врз идниот економски развој на земјата. Професор Зоран Ивановски вели дека она што го привлекува инвеститорот е стабилност и сигурност на законите, како и бизнис климата и условите во кои работат компаниите.

Тоа што владата не го сфаќа е дека поголем министер за странски инвестиции е министерот за економија отколку министерот за странски инвестиции, повлијателен за странските инвеститори е министерот за внатрешни работи, министерот за правда.

​ ​„Факт е дека лесно и не доаѓаат странските инвеститори и сите очекуваат погодности, бидејќи повеќето држави ја градат својата економска политика на концептот на привлекување на странски директни инвестиции истото го прават нудејќи подобри услови во смисла на поголеми пазари споредено со нашиот и можеби и други поволности кои нашата влада се уште не ги нуди во доволна мерка на странските инвеститоори.“

Засега не се знае колку пари се трошат за привлекување на странски инвестиции и по роуд шоуа, а дополнително, според истражувањата на невладините организации, Агенцијата за странски инвестиции и Владата се сврстени меѓу нетранспарентните институции кога е во прашање трошењето на буџетски пари.

На пример во буџетот за оваа година Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ чија основна цел е обезбедување зголемен прилив на странски директни инвестиции има 65 вработени, а буџетот со кој располага е 475.276 илјади денари илјади денари. Дирекција за технолошки индустриски развојни зони има исто толкав број на вработени и годишен буџет од 854.130 илјади денари илјади денари. Министрите за привлекување странски инвестиции добиваат министерски плати од околу 1100 евра.

Според некои проценки Владата во последните 7, 8 години потрошила десетици милиони евра, а некои се сомневаат и на стотици милиони евра. Но, сето ова останува во сферата на шпекулации и претпоставки.

„Секогаш треба да ги споредуваме во економија трошоците со корист, ако користа е значително поголема од трошоците, да тогаш е оправдано, ако не тогаш имаме чиста загуба и непотребно трошиме ресурси. Ама ние не можеме да дојдеме до одговорот, бидејќи ги немаме соодветните податоци“, вели Узунов.

Економскиот аналитичар Слободан Најдовски вели дека прашањето за привлекување странски инвестиции зависи од многу околности, не само од оценките за отворање на бизнис.

„Многу е важна големината на пазарот, што е наш хендикеп, можноста за извоз односно поврзаноста на земјата во меѓународната економија. Досегашното искуство покажува дека кај нас главните странски инвестиции главно се засновани на поволностите, односно субвенциите кои ги дава македонската влада, а не како интерес на странските инвеститори“, вели Најдовски.

Некои пак сметаат дека стопанството засега не може да почувствува видлива корист од странските директни инвестиции, зошто недостигаат инвестиции во современи индустрии, како што се на пример информациски технологии, фармацевството, био-технологии и слично. Но она на што укажува професорот Никола Поповски е потребата од решавање на внатрешните проблеми и состојбата дома, зошто токму тоа е она што ги одвраќа странските инвеститори.

„Тоа што владата не го сфаќа е дека поголем министер за странски инвестиции е министерот за економија отколку министерот за странски инвестиции, повлијателен за странските инвеститори е министерот за внатрешни работи, министерот за правда. Заглавеноста со Европската унија, со домашните политички проблеми итн., ги одвраќаат инвеститорите.“

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека привлекувањето странски инвестиции, отворањето нови работни места и создавањето поволен бизнис амбиент за домашните инвеститори остануваат економски приоритет на Владата за 2015 година.

На тој начин, смета вицепремиерот, ќе се постигнат добри економски резултати и проектираниот економски раст од 4 проценти, а ќе продолжи и трендот на намалување на невработеноста. Тој очекува темпото на странски инвестиции да продолжи да расте и во 2015 година со што ќе се отворат нови работни места за граѓаните.

Во меѓувреме, Владата преку оглас бара консултантска компанија која ќе треба да го анализира проектот за привлекување странски инвестиции. Компанијата, според огласот, ќе треба да спроведе длабинска анализа на воспоставениот систем за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија и да изготви студија со предлог мерки за подобрување на системот. Проценетата вредност на договорот е 100 илјади евра.

Ја реобјавуваме саботната анализа што првично беше објавена на 10 јануари годинава.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG