Достапни линкови

logo-print

Норвешка ја изнервира Русија со ТВ серија


Норвешка телевизија најави дека ќе емитува серија чија тема ќе биде измислена инвазија на Русија врз Норвешка, потег кој што ја изнервира Москва, јавуваат новинските агенции. ТВ серијата се вика „Окупирај“ и во неа станува збор за инвазија во која Русија делумно ќе окупира делови на Норвешка откако на власт во земјата ќе дојдат радикални еколози кои ќе ја „замрзнат“ скандинавската национална индустрија за нафта и природен гас. Сценаристот на ТВ драмата, Кристофер Хаг за новинската агенција Асошиетет Прес изјави дека тој е изненаден на реакциите затоа што главната тема во серијата се Норвешка и Норвежаните а не Русија и Русите.

Претходно рускиот амбасадор во ОСло Вијачеслав Павлосвки изјави дека Русија за жал, ја има улогата на агресор. Тој посочи дека како дел од лошата традиција која настана по Студената војна, со ова шоу е донесена одлука да се уплашат норвешките гледачи со не постоечки закани од Истокот. Норвешкото министерство за надворешни работи нема коментар за ТВ драмата. Оваа серија според норвешките медиуми е најскапата досега продуцирана серија и за неа се планира да се потрошат 11 милиони долари.

XS
SM
MD
LG