Достапни линкови

logo-print

Ел-Сиси на средба со Путин во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. Москва во последните недели е домаќин на неколку лидери од Блискиот Исток, барајќи поголема улога во посредувањето во регионот, особено во сирискиот конфликт и во борбата против милитантите на Исламската држава. Кремљ соопшти дека Путин и ел-Сиси се очекува да се фокусираат на „ситуацијата на Блискиот Исток и во северна Африка.“ Според руските медиуми, се очекува египетскиот лидер да потпише и договор со руската државна нуклеарна компанија „Росатом“ за изградба на првата египетска нуклеарна централа.

XS
SM
MD
LG