Достапни линкови

Продолжуваат преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја


Преговарачите на Северна и Јужна Кореја денеска ги продолжија разговорите со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји по размената на артилериски оган и взаемни закани кои ги донесоа до работ на војна. Четворица високи претставници на властите од двете земји вчера ги започнаа разговорите во едно село во близина на воената граница. Тие разговарале за крајниот рок поставен од Пјонгјанг со кој се бара или Сеул да прекине со пропагандата која ја шири преку звучници на границата или земјата ќе се соочи со воена акција.

XS
SM
MD
LG