Достапни линкови

Загинаа тројца членови на семејството на Осама Бин Ладен


Саудиска Арабија соопшти дека три члена на поранешниот лидер на Ал-Каеда Осама Бин Ладен загинале при пад на приватен авион во јужна Англија. Саудискиот амбасадор во Британија принцот Мохамед Бин Наваф Бин Абдел-Азиз испрати сочуство до богатата фамилија која ја поседува најголемата градежна компанија во Саудиска Арабија. Тој не ги откри имињата на загинатите. Полицијата соопшти дека четири лица, пилотот и тројца патници загинале откако приватно летало се урнало на паркинг и се запалило при обид за слетување на аеродром 65 километри југозападно од Лондон. Авионот полетал од Милано, Италија. Семејството на Осама се откажа од него во 1994 година кога Саудиска Арабија му го одзема државјанството поради неговите милитанти активности. Тој беше убиен во Пакистан во 2011 година во акција на американските специјални сили.

XS
SM
MD
LG