Достапни линкови

logo-print

Мигранти на пат кон ЕУ, заглавуваат во Лојане


Стотици мигранти дневно ја минуваат Македонија на пат до ЕУ. Со возови доаѓаат до Табановце, а оттаму преку Србија до некоја од земјите во Унијата. Но некои одат и во Лојане каде се создава камп. Волонтерите се сомневаат дека некој ги мами мигрантите.

Преполни вагони со деца, стари и млади луѓе, во доцните часови пристигнуваат на последната македонска железничка станица Табановце. Околу 1.500 мигранти кои доаѓаат со два воза, од Табановце тргнуваат пеш кон границата со Србија која се наоѓа на само 500 метри од железничката станица. Велат дека за патот до ветената земја ги чини до 5 илјади евра и 20 дена возење со брод, воз, автобус и пешачење.

светот да се обидат да го сопрат тоа што го прават криумчарите, многу е опасно за нас.

Пред да го продолжат својот пат, мигрантите добиваат храна и вода од граѓански активисти кои секоја вечер со насмевка и добар збор ги пречекуваат.

Мигрантите доаѓаат изнемоштени и гладни, а понекогаш и болни.

„Мојот син е многу болен, не можам да зборувам“, вели еден Авганистанец, татко на мало бебе кое добиваше лекарска помош во Табановце.

Откако ќе земат здив и ќе добијат помош, волонтерите ги упатуваат кон границата.

Не можам да ги продолжам студиите, одам во Холандија за да продолжам на факултет, студирам градежништво на универзитетот во Дамаск и сакам во Холандија да ги продолжам студиите и повторно да го соединам моето семејство.

„Ве молам движете се напред, одете натака, движете се во групи“, им покажуваат волонтерите.

Дел од мигрантите се жалат на опасностите што ги демнат по пат, други пак сакаат да ги споделат своите надежи за нивната иднина во Европа.

„Беше многу опасно патување од Турција до Грција, барам од владите во светот да се обидат да го сопрат тоа што го прават криумчарите, многу е опасно за нас.“

„Проблеми имаме само со Унгарија, немаме пари немаме храна.“

„Не можам да ги продолжам студиите, одам во Холандија за да продолжам на факултет, студирам градежништво на универзитетот во Дамаск и сакам во Холандија да ги продолжам студиите и повторно да го соединам моето семејство.“

Некои од нив, преморени од патот одлучуваат ноќта да ја поминат под отворено небо, да одморат пред да продолжат пеш уште 10 километри до Прешево на српската страна од границата.

Наместо во Србија, во Лојане

Дел од мигрантите, особено Авганистанците, кои не знаат англиски или друг јазик освен мајчиниот, наместо веднаш да се обидат да ја преминат границата заминуваат за селото Лојане и пешачат дополнителни 4 километри.

имаме неколку лица познати, кои што поминуваат таму, тоа се Авганистанци, криумчари, водичи, како сакате наречете ги, кои што ги носат, дирекно групите тука, наместо да ги носат директно на српска граница, која што е на 500 метри од границата, која релативно лесно се поминува

Граѓанските активисти со кои разговаравме се сомневаат дека неколкумина криумчари Авганистанци кои се качуваат на воз со мигрантите во Гевгелија ги убедуваат дека за одредена сума пари ќе им помогнат да ја поминат границата и затоа ги водат во Лојане.

Претходно, во текот на денот, го посетивме и селото Лојане. Длабоко во шумата наидовме на див камп со стотина Авганистанци. Никој од нив пред камерата не сакаше да каже зошто тука престојуваат со денови.

Координаторката на активистите за Табановце, Александра Давитковска, која заедно со нас го посети Лојане вели дека стравува оти миграните се измамени.

„Тоа што го имаме забележано и на Табановце, имаме неколку лица познати, кои што поминуваат таму, тоа се Авганистанци, криумчари, водичи, како сакате наречете ги, кои што ги носат, дирекно групите тука, наместо да ги носат директно на српска граница, која што е на 500 метри од границата, која релативно лесно се поминува“

Во неколку наврати се обидела да ги посети и да им донесе вода и храна но луѓето за кои се сомнева дека се криумчари ја избркале.

„Беа само Авганистанци односно човекот што и денеска го видовме се претстави дека е од Африка. Не ни дадоа објаснување зашто не бркаат, ни кажа дека мора да си одиме и буквално со туркање не избркаа од кампот.“

Жителите на Лојане велат дека слушнале за криумчари и во нивното и во соседното село, но не знаат со сигурност дали и во овој див камп тоа е случајот.

„Не знам зошто доаѓаат, полицијата им вели дека тука има џамија, но не знам зошто доаѓаат во Лојане, наместо да одат кон Србија директно. Криумчари има. Од Гевгелија до Лојане, има криумчари кои им земаат пари на мигрантите. “

„Али Баба има братучеди што уште останаа таму, знаеш дека за една година во Ваксинце заработија 350 илјади евра, се е тоа врзан ланец.“

Само во изминатиов месец, низ Македонија поминале повеќе од 18 илјади мигранти, кои си ја бараат среќата во некоја од западно европските земји.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG