Достапни линкови

logo-print

Грчкиот државен долг и натаму највисок во ЕУ


Државниот долг на Грција во првиот квартал од оваа година е намален на ниво од 168,8 отсто од бруто домашниот производ, но и натаму е највисок во рамки на ЕУ, соопшти денеска Евростат. Грчкиот државен долг во првите три месеци од годинава е намален за осум процентни поени во однос на последниот квартал од 2014 година, што претставува најголемо намалување на задолженоста во ЕУ.

Веднаш по Грција, на листата на најзадолжени земји во ЕУ следуваат Италија и Португалија, со ниво на долг од 135,1, односно 129,6 процентни од БДП.

Од друга страна, најмалку задолжени држави во Унијата се Естонија, Луксембург и Бугарија.

Според правилата на ЕУ, долгот на една земја-членка не треба да биде поголем од 60 проценти од БДП. Овој услов во првиот квартал од 2015-та го исполниле само 11 од 28-те членки на Унијата - Бугарија, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.

XS
SM
MD
LG