Достапни линкови

Реставрацијата на битолскиот Безистен никако да почне


Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска најави дека реставрацијата на битолскиот Безистен ќе почне во април или во мај, но таа уште не е почната.

Сè уште не започнала реставрацијата и конзервацијата на една од најавтентичните битолски стари градби, Безистенот. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, при една од минатите посети на Битола, најави дека активностите на теран ќе започнат во април или во мај.

Ќе се работи на конзервација и реставрација на фасадите на музичкото училиште, гимназијата и Безистенот.

„Годинава ќе се работи на три многу значајни фасади во Битола. Ќе се работи на конзервација и реставрација на фасадите на музичкото училиште, гимназијата и Безистенот. Овие три значајни објекти имаат прекрасна, автентична архитектура, карактеристична за градот Битола. На наше огромно задоволство, преку нашата надлежна институција - Завод и музеј која веќе ги има изготвено проектите за овие три фасади, во првата половина од оваа година интензивно ќе започне со реставрација и конзервација на овие објекти“, рече министерката.

Ако се реставрира постоечката фасада за мене не е добро. Треба да се реставрира како други османлиски објекти во градот, како Дебојот. Фасадата да биде од камен, да нема тенди, клими, дограмата да биде иста. Да биде заштитено со пешачка зона зашто е на сама улица.

Од битолскиот Завод и музеј велат дека реставрацијата на Безистенот ќе се направи во текот на годината, со што објектот со отоманска архитектура сместен во срцето на градот ќе го врати стариот сјај.

За жал, овој покриен пазар со уникатна градба, еден од најзначајните културни споменици во градот, денес е руиниран. Фасадата се распаѓа, покривот прокапува, се прават влезови, излези од надворешниот дел, се поставуваат монтажни скали. Дуќанџиите бараат што поскоро на Безистенот да му се врати стариот автентичен изглед.

„Ако се реставрира постоечката фасада за мене не е добро. Треба да се реставрира како други османлиски објекти во градот, како Дебојот. Фасадата да биде од камен, да нема тенди, клими, дограмата да биде иста. Да биде заштитено со пешачка зона зашто е на сама улица. Конкретно кај мене со влагата е нерешлив проблем. Осум години сум тука и имам големи проблеми со влагата. Сега и турски туристи има повеќе, доаѓаат да ја видат Исак џамија која е реновирана. Безистенот би требало да има повеќе сувенирници, галерии. Треба нешто да се понуди, а не само месарници“, вели уметникот Деан Макаријоски.

Објектот бил изграден во 15 век од страна на румелискиот Беглер Бег и познатиот ктитор Кара Даут Паша Узунчаршили. Во него имало 86 дуќани за текстил, пред сè свила, срма и басми.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG