Достапни линкови

Се распаѓа Безистенот во Битола


Битола

Битола

Во Битола се распаѓа Безистенот, односно покриениот пазар со уникатна градба зачуван од турско време, еден од најзначајните културни споменици во градот, стар пет века, алармираат од Македонско турското здружение.

„Безистенот се наоѓа навистина во катастрофална состојба. Буквално пропаѓа. Има алармантни оштетувања. Направени се диви влезови од страна на одредени дуќанџии. Има оштетувања на покривната конструкција, оштетувања на електричната инсталација, па
Безистенот се наоѓа навистина во катастрофална состојба. Буквално пропаѓа. Има алармантни оштетувања. Направени се диви влезови од страна на одредени дуќанџии. Има оштетувања на покривната конструкција, оштетувања на електричната инсталација, па не дај боже може да дојди до пожар.
не дај боже може да дојди до пожар“, вели претседателот на здружението Шенол Мемиш.

Тој обвинува дека ова се случува во период кога се бараат нови културно-историски богатства, а постоечките се занемаруваат.

„Декларативно велиме дека се грижиме за спомениците, се трошат пари од Министерството за култура за ископувања во Хераклеја, во Стоби. Бараме нешто што е под земја, нешто што е античко, а за жал оставаме да пропаѓаат објекти кои се видливи, кои се над земјата.“

Како споменик на културата, Безистенот е под заштита на битолскиот Завод и музеј, а со дуќаните во него стопанисува сизот и приватници.

„Мислам дека тука станува збор за заедничка негрижа и на сопствениците на дуќаните и на институциите кои ги има повеќе. Најчесто топката се префрлува од една институција на друга, па ќе речат ние не сме надлежни туку сизот, а од таму дека ништо не можат да направат без довола на Управата за заштита на културното наследство итн“, додаваат од друштвото.

Тие најавија дека финансиска помош за реставрација на објектот ќе побараат од Турската државна агенција, која помага проекти на здруженија на Турците низ Македонија. Битолскиот Завод и музеј очекува да добие средства од Министерството за култура за ревалоризација на објектот, реставрацијата останува за некое идно време.

„Оваа година ќе се прави ревалоризација, а подоцна ќе се направи проект за реставрација на објектот. Конкретно за овој случај сум го немал тој контакт со турската амбасада, иако многу добро соработуваме. Прифајќам соработка со други инстутуции зашто моите желби се често поголеми од можностите на мојата држава, па можно е да се направи на некој друг алтернативен начин“, вели директорот Зоран Николовски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG