Достапни линкови

Казахстан ќе испорача 5000 тони ураниум на Индија


Казахстан и Индија потпишаа договор според кон Казахстан ќе испорача 5.000 тони ураниум во Њу Делхи во текот на следните пет години.

На заедничката прес-конференција во Астана со индискиот премиер Наренда Моди, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев рече дека потпишувањето на договорот е сведоштво за систематско развивање на соработката во сферата на енергетиката.

Казахстан е водечки производител на ураниум во светот, а во периодот од 2010 до 2014 испорачале 2.100 тони ураниум за Индија. Индискиот премиер денеска подоцна треба да пристигне во Уфа на самитот на БРИКС.

XS
SM
MD
LG