Достапни линкови

Лавров: некои сили не сакаат мир во Украина


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Шефовите на дипломатиите на Русија, Украина, Франција и Германија на вчерашните разговори во Париз се обидоа да ги обноват дипломатските напори за запирање на конфликтот во источна Украина каде што ескалираат борбите. Рускиот министер Сергеј Лавров по средбата изјави дека била постигната согласност да не се дозволи неуспех на мировниот договор постигнат во февруари годинава. „Има сили кои сакаат да го уништат тој процес. Не сакам да ги именувам, но тие сили постојат. Тие преферираат воени сценарија и не сакаат смирување на ситуацијата“, изјави Лавров.

XS
SM
MD
LG