Достапни линкови

Македонија и натаму земја со хибриден режим


Во денеска објавениот годишен извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција“, Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“. Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на Фридом хаус. Демократијата, според извештајот, уназадува во Европа и Евроазија.

Во најновиот извештај на Фридом Хаус се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество.

Македонската влада продолжува да спроведува голем број позитивни институционални реформи што ги бара Европската унија, но загрижувачките случувања во последните неколку години ја доведе под прашалник посветеноста на владејачката партија во врска со политичкиот плурализам и транспарентноста.

Притоа се прецизира дека претседателските и предвремените парламентарни избори во април 2014 година беа нарушени со провладини публикации во медиумите и пристрасност и злоупотреба на административни ресурси, што доведе до долготраен бојкот на парламентот од страна на опозицијата.

Владата, како што се оценува во извештајот, продолжува да спроведува голем број позитивни институционални реформи што ги бара Европската унија, но загрижувачките случувања во последните неколку години ја доведе под прашалник посветеноста на владејачката партија во врска со политичкиот плурализам и транспарентноста.

Од седум земји на Балканот, четири забележуваат пад во демократските процеси, главно поради состојбата на медиумите и судството.

Во извештајот се забележува и тоа дека граѓански групи и спонтани народните движења беа против проблематичните владини предлози, вклучувајќи ги и оние за поткопување на независноста на универзитетите.

Инаку, од седум земји на Балканот, четири забележуваат пад во демократските процеси, главно поради состојбата на медиумите и судството.

Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата и донесоа напредок на Албанија.

Фридом хаус констатира дека напорите за демократизација во Европа и Евроазија, се соочуваат со нови, се повеќе агресивни напади од страна на авторитарните држави и други противници.

„Авторитарните режими неуморно ги предупредуваат нивните луѓе дека чекорите кон демократија, како што се гледа во Украина, можат да завршат само во хаос, насилство и сиромаштија", рече Силвана Хабденк Колачковска, директор на проектот „Нации во транзиција“.

Бројот на земјите во Евроазија кои добија најлош пласман во извештајот речиси двојно се зголеми во последните 10 години.

За разлика од Евроазија, условите во Централна и Источна Европа се уште се подобри, но зголемената корупција, злоупотребата на моќта и подемот на екстремистички партии направија многу земји да бидат подложни на мешање од Москва.

„Со оглед на природата на надворешната закана, Европската унија треба да направи повеќе за почитување на демократските стандарди во Европа", рече Хабденк Колачковска, додавајќи дека силата и единството на Унијата зависи од одржувањето на транспарентно владеење во секоја земја членка.

Од 29 земји, 13 беа оценети како демократии, 6 како транзициони и 10, како авторитарни режими.

Најмногу уназадуваше Русија поради задушувањето на домашните протести и обидите за дестабилизација на новата влада во Украина. Пад забележа и Унгарија која од консолидирана сега е во земјите со полу консолидирана демократија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG