Достапни линкови

logo-print

Награди за послушните медиуми, казни за другите


​​Вчерашната „бомба“ на опозицијата за целосната владина контрола на јавниот сервис, но и на приватните медиуми го потврди она што со години го зборуваат новинарите и медиумските организации.

Кој пее по владини ноти, ќе добие реклами, а фирмите блиски до него ќе добијат тендери. Кој не слуша, ќе добие казни и закани. Новинари се вработуваат според министерско тефтерче, сопственици на подобни медиуми може да избегнат плаќање даноци, а владата соодветно им се оддолжува на оние што „спружуваат на насловна“ во нејзино име.

Не би рекла дека сум изненадена, но тоа што го слушнавме мислам дека ги надминува претпоставките за степенот на безусловна сервилност кон власта од страна на овие телевизии.

Вчерашната „бомба“ на опозицијата за целосната владина контрола на јавниот сервис, но и на приватните медиуми го потврди она што со години го зборуваат новинарите и медиумските организации.

Директорката на МИМ Билјана Петковска вели дека објавените снимки во основа го потврдуваат она што тие како институт подолго време го зборуваат.

Билјана Петковска, МИМ.

Билјана Петковска, МИМ.

„Не би рекла дека сум изненадена, но тоа што го слушнавме мислам дека ги надминува претпоставките за степенот на безусловна сервилност кон власта од страна на овие телевизии“, вели Петковска.

Буквално ќе мора да се преразгледа целиот медиумски систем во којшто функционираат медиумите, од законодавство до пазарни услови и функционирање на пазарот, до тоа како се устроени медиумите и нивната сопственост. Сметам дека ова ќе мора да биде еден подолг и посеопфатен процес.

​Со сличен став е и претседателот на Центарот за развој на медиуми Дејан Георгиевски. Тој вели дека процесот на поправање на состојбите треба да биде долг и сеопфатен и зад него ќе мора да застанат сите државни институции.

„Буквално ќе мора да се преразгледа целиот медиумски систем во којшто функционираат медиумите, од законодавство до пазарни услови и функционирање на пазарот, до тоа како се устроени медиумите и нивната сопственост. Сметам дека ова ќе мора да биде еден подолг и посеопфатен процес“, вели Георгиевски.

Петковска вели дека медиумскиот систем во Македонија подолго време е нефункционален и оти не може да се очекуваат промени во медиумите без структурни трансформации во политичкиот систем.

„Потребни се темелни промени на целокупниот политички систем во државата од сите аспекти, од начинот на којшто се поставени институциите, луѓето коишто ги водат институциите, начинот на којшто се применуваат законите, односот на луѓето коишто ги претставуваат тие институции, и медиумите и државните институции, нивното поимање на концептот на медиумите, на слободата, на улогата на медиумите во општеството, интегритетот на медиумите, зошто служат медиумите во едно општество. Сето тоа мора да се смени, инаку ние едноставно ќе се вртиме постојано во круг и ќе пропаѓаме сè подолу и подолу“, вели Петковска.

Македонија со години тоне на ранг листите за слобода на медиуми на светските медиумски организации. Според Репортери без граници, Македонија е на 117 место. Според Фридом хаус, пак, во Македонија има пад на политичките слободи.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG