Достапни линкови

Пораки до македонските лидери


Амбасадорите од ЕУ на средба со премиерот Никола Груевски.

Амбасадорите од ЕУ на средба со премиерот Никола Груевски.

Француската амбасадорка вели дека треба да се најде решение на кризата, но и прислушувањето институционално да се разреши. И шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, вели дека треба да има истрага.

Претставниците на меѓународниот фактор во Скопје инсистираат на разрешување на политичката криза преку дијалог меѓу партиите, но исто така инсистираат и на правна разрешница на објавената афера со прислушувањето.

Кога се видовме со претседателот на Владата стана збор за прислушуваните разговори, за функционирањето на медиумите, како и за настаните од Куманово и очекуваме да се отвори, да се прецизира истрага.

Амбасадорката на Франција во земјава Лоренс Оер во интервју за нашето радио вели дека европското посредништво треба да продолжи, но и дека е потребен институционален одговор за прислушувани разговори и оти треба да се разјаснат сите малверзации коишто биле откриени преку нив.

„Кога се видовме со претседателот на Владата стана збор за прислушуваните разговори, за функционирањето на медиумите, како и за настаните од Куманово и очекуваме да се отвори, да се прецизира истрага. Ги истакнувам сите овие прашања, затоа што добивме впечаток дека во Брисел е пренесена одговорноста за изнаоѓање на решение за кризата и дека ништо не очекуваме од македонската држава, ниту од македонските институции, затоа напоменувам дека двата процеси се важни“, вели Оер.

Во контекст на телефонските разговори што ги објави СДСМ поврзани со изборите, вршителката на должност шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Мариане Берец, во интервју што ќе го емитуваме в недела нагласува дека треба да има истрага. Во нив додава таа има многу индикации дека можеби постојат наводни прекршувања на демократските правила за време на изборите.

Многу е важно, а ова е позиција на Мисијата која коинцидира со позицијата на меѓународната заедница, дека треба да има транспарентна истрага на сите аспекти и сите агли на аферата со прислушувани разговори.

„Многу е важно, а ова е позиција на Мисијата која коинцидира со позицијата на меѓународната заедница, дека треба да има транспарентна истрага на сите аспекти и сите агли на аферата со прислушувани разговори. А, има многу аспект, има политички аспект, правен аспект и етички аспект. Многу е важно да се направи истрага која е во склад со демократските принципи и државата да покаже дека е обврзана на тие демократски принципи“, вели Берец.

Домашните познавачи на состојбите во правосудството пак сметаат дека од она што досега го покажа Јавното обвинителство во врска со аферата Прислушување за кој опозицијата повеќе поднесе претставки не треба да се очекува многу. Според поранешната судијка во судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска досега селективно ако во ништо друго барем како што вели во информирањето на јавноста се поставува за аферите Пуч и Прислушување.

„За аферата Пуч постојано се презентира што е случено, како е случено кој и како дал изјава, а да не зборувам и за пристапот на притворот и одредени активности кај лица инволвирани во аферата Пуч. Друго е однесувањето во врска со поднесените пријави. За нив имаме исклучиво објаснување само дека тоа е во постапка која ние на ниту еден начин не ја гледаме“, вели Цаца Николовска.

Интервјуата со двете амбасадорки во целост ќе ги емитуваме утре и задутре.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG