Достапни линкови

Заев не оди на средбата во Брисел


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека нема да присуствува на закажаната средба со еврокомесарот Јоханес Хан на 10 јуни во Брисел. Според Заев,изјавата на Хан во Вашингтон содржи елементи на пристрасност и не е соодветна во подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел. Тој порача дека зачудува оценката на Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ, ниту ЕУ, како што наведе Заев, досега не констатираа дека извештајот за изборите во Македонија е позитивен.

Дополнително, според него, доказите од проектот „Вистината за Македонија“, ја разоткрија и криминалната позадина на повеќе изборни циклуси во земјава, организирани и спроведени од Никола Груевски и неговата власт.

- За целиот овој период ние се однесуваме максимално демократски и седнавме на заедничка маса и покрај нерамноправната позиција на која што бевме поставени, изјави лидерот на СДСМ.

Вели дека по разговорите на 2 јуни во Скопје, на кои присуствуваше и Хан, подигнат е уште еден обвинителен акт против него и тоа за земање поткуп иако кривичната пријава на МВР била за обид за поткуп.
Тврди дека е направена диверзија на автомобилот на синот на Зоран Верушевски и оти се направени нови претреси на домовите на притворените лица.


- Дадовме максимум во овој сериозен процеси очекуваме тоа да се почитува од сите страни, изјави Заев, кој рече дека во овој момент не би одговарал на новинарски прашања.

XS
SM
MD
LG