Достапни линкови

Ле Пен во посета на Русија


Лидерот на француската партија Народен фронт, Марин Ле Пен

Лидерот на француската партија Народен фронт, Марин Ле Пен

Лидерот на француската партија Народен фронт, Марин Ле Пен ја посети Русија, каде разговараше со спикерот на долниот дом на Парламентот, Сергеј Наришкин. По средбата таа изјави дека е важно лидерите на водечките политички партии во Франција да бидат во можност да разговараат за ситуацијата во Европа и во светот.

Според неа, во фокусот на разговорите била кризата во источна Украина, заканата од Исламската држава и други прашања. Ле Пен, која ги критикува западните политики во однос на Русија за конфликтот во источна Украина се смета за главниот фаворит за претседателските избори во Франција во 2017 година.

XS
SM
MD
LG