Достапни линкови

Меркел-Санкциите врз Русија поврзани со договорот од Минск


Германската канцеларка Ангела Меркел со полскиот премиер Ева Копач.

Германската канцеларка Ангела Меркел со полскиот премиер Ева Копач.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека санкциите врз Русија треба да зависат од тоа дали мировните одредби од договорот од Минск се почитуваат. Меркел за време на прес конференцијата со полскиот премиер Ева Копач во Варшава порача и дека на средбата на Европскиот Совет во март ЕУ донела недвосмислена одлука дека санкциите се поврзани со исполнувањето на договорот во Минск. Според неа, очигледно е оти неговото исполнување трае подолго.Маркел и Копач се согласиле оти санкциите кои веќе се спроведени врз Русија треба да останат.

XS
SM
MD
LG