Достапни линкови

„Бомба“ 14 на СДСМ - Груевски местел тендери за милионска провизија


​​Денеска сите ќе бидеме сведоци, рече Заев, како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчуствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите.

Нечесноста на премиерот Никола Груевски е темата на 14-та таканаречена бомба на опозицијата. Претседателот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција изјави дека ќе објави снимки од телефонски разговори со кои се покажува дека сиве овие години Груевски, по чија наредба се казнуваа и затвораа граѓани на секој чекор во име на правдата и законите, е всушност оној за кој не постои ниту закон, ниту устав, ниту совест. Груевски е оној за кој не постои ниту закон, ниту Устав, ниту совест, нагласи Заев.

Затоа што кратовчанецот знаеш зошто ни е многу битен и тука нема ова или она.

Денеска сите ќе бидеме сведоци, рече Заев, како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчуствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите. Во првиот разговор што го презентира Заев, се слушаат, како што рече, Груевски и директорот на РЕК Битола Владо Чинговски, како договараат тендер што треба да го добие сопственикот на Сител телевизија Горан Ивановски.

„Затоа што кратовчанецот знаеш зошто ни е многу битен и тука нема ова или она, вели гласот, за кој што од СДСМ тврдат дека е на премиерот Груевски. А се споменува и името на бизнисменот Сеад Кочан, вели Заев.

Понатаму се објавуваа разговори во кои станува збор за местење на тендер за пругата Куманово – Бељаковце.

Од СДСМ велат од разговорите може да се виде дека министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески трпи притисоци од премиерот Никола Груевски да врши незаконски работи за промена на фасадите на Сити галери и ЕВН. Од СДСМ велат дека премиерот бара министерот да го прекрши законот, притоа велејќи дека нема тој да биде тој што ќе биде вовлечен во криминал, туку некоја вработена во Град Скојпе, но од неа да сокријат дека тоа што го прави не е законски. На што гласот за кој се тврди дека е на Јанакиески, на почеток се противи и се обидува да докаже дека тоа не е законски, а потоа се согласува да молчи и да се обиде да ја протурка работата.

Ме тера да направиме незаконско нешто, не јас, Миле и Владо. И не сакат да потпишат и ги разбирам. Му објаснувам зошто се во право, а тој му враќа порака - јаките правни експерти, а и ти како искусен правник сте дошле до заклучок.

„Ова што го слушнавте е незаконски и згрожувачко“, рече Заев.

Ќе слушнете за еден од најголемите корупциски и финансиски скандали какви што не познава земјава, па и пошироко, рече Заев. Според него тие се доказ за штетниот договор со кинеска компанија за изградба на два автопата кој е потпишан без тендер, туку одлуката е донесена со закон во Собрание во 2013 година. Откако се договориле на нечесен и криминален начин, договарајќи и проценти за провизија, работата ја префрлиле во Собрание, нагласи лидерот на опзицијата.

„Да не е многу, се претера“, вели гласот за кој од СДСМ тврдат дека е на Груевски, кога гласот за кој што тврдат од СДСМ дека е на Јанакиески му вели дека бара 5 проценти, односно 15 милиони провизија за да заврши некој проект. “

СДСМ објави и разговори во кои како што велат министерот за финансии Зоран Ставрески реагира за договорите со Кинезите за автопатишта кои треба да се градат.

„Ме тера да направиме незаконско нешто, не јас, Миле и Владо. И не сакат да потпишат и ги разбирам. Му објаснувам зошто се во право, а тој му враќа порака - јаките правни експерти, а и ти како искусен правник сте дошле до заклучок. Па и да не сме во право, не е тоа начин да зборуваш со првите соработници, човек изгубил контакт со реалност“, вели гласот, з акој што од СДСМ тврдат дека е на Ставрески во разговор со министерката за внатрешни работи, велат од СДСМ.

„Да не е многу, се претера“, вели гласот за кој од СДСМ тврдат дека е на Груевски, кога гласот за кој што тврдат од СДСМ дека е на Јанакиески му вели дека бара 5 проценти, односно 15 милиони провизија за да заврши некој проект.

Во еден од разговорите , како што велат од опозицијата министерот Јанакиески зборува со сопругата. Од тоа може да се види во што може да се претвори човек посветен на реализација на мегаломанските цели на Никола Груевски, рече Заев. Министерот објаснува дека преговараат во 2 часот по полноќ, оти Кинезите мора да си одат во 5 часот наутро.

Не би сакал да го коментирам однапред очекувањата од дијалогот, којшто според најавите, ќе започне со ВМРО-ДПМНЕ в понеделник во Брисел, бидејќи сакаме да дадеме шанса тој да функционира, рече Заев одговарајќи на прашање што очекува од најавениот дијалог.

„Дијалогот е добредојден и секако за нас е прифатлив. Никогаш СДСМ не бегал од дијалог, притоа мора за знаеме дека е невозможна мисија е да се воспостави дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија без посредништво на меѓународниот фактор“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG