Достапни линкови

Најмногу коментари на нашата интернет страница има за темите поврзани со „бомбите“ што ги објавува опозицијата.

Прислушувани разговори за наводни местенки на изборите, за пазарења за судии, за промени на урбанистичките планови, што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се толку неверојатни што во нашата анкета во Хајд паркот ги прашавме граѓаните што мислат за нивната содржина.

Ако не беа, први што ќе побараа експертиза на снимките ќе беа лицата на тие снимки.

Рус од Скопје напишал дека снимките се апсолутно автентични, бидејќи, како што смета тој, „ако не беа, први што ќе побараа експертиза на снимките ќе беа лицата на тие снимки“. И Спас верува дека снимките се автентични. „Сево ова отприлика се знаеше дека е така, ама никогаш не помислував дека министрите до толку се навлечени во изборниот процес. Господе боже, не можам да верувам колку овие луѓе сосила сакаат да владеат! Па да им кажеме дека народот не ги сака и ајде сиктер, веќе, одете си!“, коментира Спас. И Сашко верува дека снимките се автентични и дека од нив се гледа какви луѓе нè водат и си играат како дечиња од детска градинка со државава и со народов. Сефије, пак, потврдата дека снимките се точни ја наоѓа во фактот дека некои работи се шушкаа од еден на друг, изборите во Центар на кои, вели, сите бевме сведоци, потоа, мешањето во судството кое е очигледно.

Што мислите за содржината на прислушуваните разговори? Погледнете ја анкетата, а вашиот коментар може да го оставите овде.

По нашата информација за местењето подобни судии и обвинители, Миле од Охрид ја прашува редакцијата на Радио Слободна Европа дали „материјалите ги добива од Заев или директно од централата на својот финансиер“, а Мите од Скопје напишал дека објавените снимки се депласирани „кога СДСМ во 90-ите, сам, без опозиција, за една вечер избра 630 судии“. Потоа набројува случаи од 2002 до 2006 година, кога, според него, обвинителите не се прославиле со случаите Сопот, Бекирев, Поштарот...

Kога СДСМ во 90-ите, сам, без опозиција, за една вечер избра 630 судии.

Граѓаните продолжуваат да го коментираат говорот на премиерот Груевски на митингот во „Борис Трајковски“, па Незабеган напишал: „Наредбата е извршена! Доколку свеста не се разбуди и оваа криминална банда успее да остане на власт, без оглед на средствата што ќе ги користи, од 1.600.000 жители од Македонија ќе заминат 600.000 најдоцна за неколку години. На остатокот од населението ќе им останат Грујо и кредитите, наздравје нека им е!“ Потпишан со Така треба коментирал: „Точно така и треба да биде. Каква било влада, но без ДПМНЕ. Апсолутно“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG