Достапни линкови

Путин: Крим е извор на историските корени на Русија


Рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Крим не е само територија, туку и извор на историските корени на Русија, како и на нејзината духовност и државност. Путин денеска имаше обраќање на митинг пред Кремљ, по повод прославата на годишнината од руското преземање на Крим од Украина. Тој истакна дека Русите пред една година покажале неверојатен патриотизам во знак на поддршка на луѓето од Крим и Севастопол. „Ќе ги надминеме сите проблеми и тешкотии кои се обидуваат да ни ги фрлат однадвор, додаде Путин. Тој исто така рече дека Русија ќе работи да ги подобри односите со Украина, но инсистираше дека e убеден оти луѓето од Украина еден ден ќе го оценат нивното сегашно раководство и ќе сфатат кои се луѓето кои ја донеле нивната земја во ваква состојба.

XS
SM
MD
LG