Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се против странско посредништво


Илустрација.

Илустрација.

Ниту власта, ниту опозицијата не се противат на меѓународно посредништво за излез од политичката криза. Странски дипломати сè почесто изразуваат загриженост и нудат помош.

САД продолжуваат со загриженост да го следат развојот на настаните во Македонија. Ги повикуваме властите да искажат посветеност на владеењето на законот, почит кон слободата на изразување и интегритет на демократските процеси во Македонија. Ова го порачува американскиот амбасадор во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена Даниел Баер. Тој ги повикува политичките лидери во Македонија да побараат совет и помош од Мисијата на ОБСЕ, од Секретаријатот на ОБСЕ и од другите извршни структури на ОБСЕ во потрагата по решение.

Македонија ги има сите институции, демократски институции за да ги спроведуваат принципите на владеењето на правото и ќе видиме како ќе го сторат тоа.

Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе биде објавено в недела, вели дека во земјава има инструменти за решавање на политичката криза.

„Македонија ги има сите институции, демократски институции за да ги спроведуваат принципите на владеењето на правото и ќе видиме како ќе го сторат тоа“, вели Стајн.

Не еден, 11 нека пратат ако сакаат, затоа што фактите и аргументите се добро познати и кој и да дојде, што и да види, ќе се увери во тоа што е вистината и во тоа што го презентиравме на македонската јавност. Не еден, не 11 или 111 да испратат, ние ќе ги прифатиме, нека гледаат нека набљудуваат, нека слушаат нека толкуваат.

Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата нема против посредништво на европските пратеници во разрешувањето на политичката криза, ниту, пак, е против на надгледување на процесот од правни експерти.

„Не еден, 11 нека пратат ако сакаат, затоа што фактите и аргументите се добро познати и кој и да дојде, што и да види, ќе се увери во тоа што е вистината и во тоа што го презентиравме на македонската јавност. Не еден, не 11 или 111 да испратат, ние ќе ги прифатиме, нека гледаат нека набљудуваат, нека слушаат нека толкуваат“, рече Груевски.

Од опозицискиот СДСМ велат дека во однос на помошта и ангажирањето на странски амбасади околу разрешувањето на политичката криза нивниот став е јасен.

Од наша гледна точка е добро што се вклучуваат странците, во која форма ќе се вклучат е предмет на договор дополнително.

„Од наша гледна точка е добро што се вклучуваат странците, во која форма ќе се вклучат е предмет на договор дополнително“, вели Лидија Димова од СДСМ.

Во однос на конечните решенија за излез од кризата, СДСМ смета дека е рано да се зборува за нив, затоа што прво треба да се направи комисија која ќе се занимава со политичкиот аспект на кризата и заклучокот кој што би произлегол да не се третира, како што вели Димова, како тоалет хартија. Таа додава дека во моментов нема простор за предлог решението – техничка влада.

„За некаква преодна влада, меѓутоа додека да дојде таа преодна влада ќе треба уште многу други работи, многу други прашања да се разрешат, затоа што и преодната влада, ако претходно не обезбедиме дека ќе имаме судство, кое ќе суди како што треба, медиуми кои што ќе знаат да известуваат балансирано и непристрасно, или на крајот на краиштата ќе видиме дополнително дека изборите уште во 2011 се украдени. Така што не можеме ние како СДСМ не можеме да влеземе во таква фискултура уште еднаш“, вели Димова.

Таа додава дека е интересно што Европската комисија поинаку се поставува овој пат со тоа што еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по средбата со претставници на СДСМ изјавил дека и европските институции ќе им бидат ставени на располагање за разрешување на кризата. Неодамна и ДУИ побара меѓународната заедница да формира политичка група од претставници од меѓународната заедница на политичко и на експертско ниво за решавање и менаџирање на состојбата.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG