Достапни линкови

Партитие меѓусебно се обвинуваат дека другата сака да предизвика дестабилизација во земјата, но дека граѓаните нема да го дозволат тоа.

Беља и дестабилизација. Овие термини кои упатуваат на можни нереди се слушнаа периодов од претседателот на СДСМ Зоран Заев и премиерот Никола Груевски. Заев вчера рече дека се надевал оти Груевски нема во план да направи некоја беља во Македонија, а премиерот пак на прес конференцијата во средата спомена дестабилизација која, како што рече, би била од најголема корист на оние што го наметнуваат и спроведуваат ова сценарио. Тоа што е идентично во нивните изјави е и што двајцата се повикуваат на граѓаните кои немале да го дозволат тоа.

Гледајќи ја сегашната ситуација во Македонија единствено владата има средства да покрене движења кои би воделе кон нереди во државата. Јас го делам мислењето на Заев дека не верувам владата така лесно да одлучи.

Според Стојан Андов долгогодишен политичар кој сега е во пензија, во Македонија никој нема да направи сериозни и организирани чекори што би воделе кон сериозни немири или, како што вели, граѓанска војна.

„Гледајќи ја сегашната ситуација во Македонија единствено владата има средства да покрене движења кои би воделе кон нереди во државата. Јас го делам мислењето на Заев дека не верувам владата така лесно да одлучи и поради нејзиниот меѓунационален состав, ако ништо друго“, вели Андов и додава дека сепак не е исклучено да има помали нереди кои смета дека не би биле автентични туку исценирани.

За вештачко поттикнување на дестабилизација и нереди, надвор од овие две политички партии нема капацитет, значи и господин Груевски и господин Заев треба да сфатат дека се работи за двајца клучни личности и за добрите работи и за лошите работи што можат да се случат во државата.

„Во Македонија таквите крупни настани да речеме како демонстрациите на Албанците на Бит Пазар во 1992, бунтот во Ѓорче Петров против бегалците од Босна, и такви други ситуации кога има драматични работи, сепак тоа е потајно поттикнато од инструментите со кои располага власта“, вели Андов.

И професорот Назми Малиќи смета дека граѓаните автентично не би предизвикале сериозни немири, туку дека е тоа можно да го сторат исклучиво, како што вели, партиските центри.

„За вештачко поттикнување на дестабилизација и нереди, надвор од овие две политички партии нема капацитет, значи и господин Груевски и господин Заев треба да сфатат дека се работи за двајца клучни личности и за добрите работи и за лошите работи што можат да се случат во државата “, вели Малиќи.

Инаку партијата чиј лидер е Груевски речиси во секое соопштение испратено по прес-конференцијата на Заев наведува дека тој имал сценариото за креирање на нестабилност во Македонија. Претседателот на СДСМ и во последното соопштение на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ гледа повик на борба и на битка, но Груевски нагласи дека се мислело на политичка.

Во меѓувреме во јавноста се пласираат и тези за можно украинско сценарио и зависно од тоа кој ги пласира посочува дека власта или опозицијата го посакуваат. Соговорниците велат дека во оваа фаза тоа не им изгледа можно.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG