Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да одработува за странски центри


ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која се вели дека тој продолжува да одработува за странски центри и дека презентира креирани разговори и оти очигледно има намера да помага за остварување на целите на странски центри, а на штета на граѓаните и за државата. Во реакцијата понатаму се вели дека Зоран Заев и СДСМ се влезени во тешко сценарио од кое не може да излезат.

„Секојдневните лаги, контрадикторности и дневните промени на изјавите и на Зоран Заев и на луѓето околу него говорат дека нив ниту ги интересира вистината, ниту ги интересираат граѓаните. Нив ги интересира гола желба за власт, па макар таа да значела и одработка на шеми креирани од странски центри, за чии интереси подоцна ќе се очекува да ја вратат скапата услуга, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG