Достапни линкови

Македонија со најмалку странски инвестиции во регионот


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонија во изминатата деценија на регионално ниво има подобри резултати во привлекувањето странски инвестиции само од Босна и Херцеговина.

Македонија според приливот на странски инвестиции е на дното во регионот во изминатата деценија. Податоците на Светската банка покажуваат дека од земјите во регионот, Македонија во изминатата деценија остварувала подобри резултати само од Босна и Херцеговина.

Според Светската банка, лани во земјава влегле 376 милиони долари странски инвестиции, во Албанија повеќе од 1,2 милиjарди долари, во Србија скоро две милијарди долари, во Црна Гора 450 милиони, во Косово 343 милиони и во Босна и Херцеговина 315 милиони долари.

Сепак, логично е на пример Србија да има повеќе инвестиции од Косово или од Македонија затоа што е поголема држава. Но, ако овие бројки се поделат според бројот на жителите на секоја од овие држави, повторно Македонија има резултат кој е подобар само од тој на Босна и Херцеговина. На пример, во Црна Гора лани влегле 750 долари странски инвестиции по жител, во Албанија 444 долари, во Македонија 182, а во Босна и Херцеговина 83 долари по жител. Слична е состојбата и во изминатите неколку години.

Земја2004200520062007200820092010201120122013
Македонија323145427733611259301508332376
Албанија3412623256521,2411,3431,0891,0499201,254
Босна и Херцеговина7106238451,8411,005138444471335315
Косово53133370603536408486546293343
Црна Гора 9379751,549758556618446
Србија1,02824,9683,4312,9961,9351,3402,7001,1861,974

Странски инвестиции во милиони долари(Извор: Светска банка)

Попрецизна слика за влијанието на странските инвестиции во одредена земја се добива ако тие се изразат како процент од БДП-то. Но, и така, Македонија повторно има подобри резултати само од БиХ, а во 2012 и од Србија. Лани на пример, странските инвестиции во Македонија биле 3,7 отсто од БДП-то, додека во Албанија и во Црна Гора биле околу 10 отсто, во Србија над 4 отсто, во Косово скоро 5 отсто, а во Босна и Херцеговина помалку од 2 проценти од БДП-то.

Земја2004200520062007200820092010201120122013
Македонија15770207355296126146246161182
Албанија12193115231440476386372326444
Босна и Херцеговина187165223486265371171248883
Косово3177213348310235281315169198
Црна Гора 1,5121,5732,4991,223897997720
Србија143285691478417269186376165275

Странски инвестиции во долари по жител(Пресметките се правени според податоците од Светска банка и резултатите од последните пописи на сите земји од 2011 година, односно 2013 година за Босна и Херцеговина. Со оглед дека во Македонија нема попис од 2002 година, за број на жители е земена последната проценка на Државниот завод за статистика од јуни 2013 година, според која земјава има 2.064.032 жители.

Најдобра година за привлекување инвестиции била 2007, кога во земјава влегле странски инвестиции во висина од 9 отсто од БДП-то, а најслаба 2005 кога имало само 2,4 отсто од БДП-то. Овие две години, односно 2005 и 2007, се најлошата и најдобрата година за прилив на странски инвестиции во целиот регион.

Зошто и покрај слободните економски зони и поволностите што им се даваат на странските инвеститори, и покрај роуд-шоуата на кои често заминува државниот врв, земјава е под регионалниот просек во привлекувањето инвестиции?

Земја2004200520062007200820092010201120122013
Македонија5.92.46.596.22.83.24.93.53.7
Албанија4.63.13.66.19.611.29.18.17.59.7
Босна и Херцеговина7.15.76.711.95.40.82.62.621.8
Косово1.53.69.412.89.47.28.38.24.54.9
Црна Гора 25.521.537.318.412.415.310.1
Србија4.17.816.28.56.14.53.45.82.94.3

Странски инвестиции како процент од БДП(Извор: Светска банка)

Поранешниот гувернер на Народна банка, Петар Гошев, вели дека не е клучно само земјата да понуди поповолни услови од другите, според него, една од клучните причини е безбедносно-политичката проценка за земјата и за регионот, а на второ место е големината на економијата. Гошев смета дека по овие услови кои ги нуди земјата за влез на странски инвестиции поарно би било да ги нема.

„Јас лично воопшто не би сакал да дојдат, затоа што условите што ги нуди оваа влада се распродажба на ресурсите на Република Македонија, тоа се услови коишто се полоши од оние во капитализмот од 18 век. Се багателисува со македонските ресурси и онака скромни, на странците им се нуди дојдете во Македонија, ништо нема да платите, државата ќе субвенционира од бесплатно земјиште, инфраструктура изградена од парите на даночните обврзници во Република Македонија, субвенционирани плати. Под такви услови воопшто не е добро да дојдат, тоа не е добро за македонските граѓани. Затоа што од Македонија оваа гарнитура прави распродажба, од Македонија прави измеќарска земја“, вели Гошев.

Власта, пак, со сосема спротивен став. Премиерот во беше во посета на САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија, Австрија, скандинавските земји, Турција, а пред Нова Година ја посети и Саудиска Арабија. Власта постојано најавува нови инвестиции и отворање на нови работни места.

„Инвестициите веќе влијаат, една третина од севкупниот извоз од Македонија е од слободните економски зони. Ние кога дојдовме имаше 38 отсто невработеност, за да стигнеме до 27, 9 отсто и континуирано опаѓа, значи имаме многу директна и индиректна корист од доаѓањето на овие инвестиции“, рече премиерот Никола Груевски неодамна во интервју, нагласувајќи дека континуирано работат на привлекување на странски инвестиции.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG