Достапни линкови

Први по роуд шоуа, последни по странски инвестиции


Премиерот Никола Груевски со владина делегација на бизнис форум во Франкфурт, Германија.

Премиерот Никола Груевски со владина делегација на бизнис форум во Франкфурт, Германија.

И покрај сите владини напори и заложби, Македонија е последна во регионот по привлекувањето на странски директни инвестиции.

Речиси секој месец поголема владина делегација предводена од премиерот, во странство трага по инвестиции. Фолклорот е познат – доаѓаат најави за инвестиции, заинтересираноста е голема, владата се фали, но странските инвестиции само што не дошле. И покрај сите владини напори и заложби, Македонија е последна во регионот по привлекувањето на странски директни инвестиции, се наведува во извештај на ОН. Во земјата лани влегле 334 милиони долари странски капитал, за разлика од Црна Гора каде влегле 447 милиони долари, а во Србија и Албанија имало двојно повеќе.

Последниве години оваа пропаганда е жестока, меѓутоа се паѓа во вода пред податокот дека Македонија е на последно место со директни странски инвестиции од земјите во регионот.

Последните податоци на Народна банка покажуваат дека во земјава во првите девет месеци од годината влегле околу 200 милиони евра странски инвестиции.

Пропагандата е голема, но резултатите се мали, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

„Последниве години оваа пропаганда е жестока, меѓутоа се паѓа во вода пред податокот дека Македонија е на последно место со директни странски инвестиции од земјите во регионот.“

Владин тим на бизнис форум во Франкфурт.

Владин тим на бизнис форум во Франкфурт.

Она што го привлекува бизнисот е стабилност и сигурност на законите и на условите за работа, многупати досега посочиле експертите, а доколку тоа го нема, странците апстинираат од инвестирање, додаваат тие. Како хендикеп тие го посочуваат и малиот пазар.

Повеќето држави кои ја градат својата економска политика на концептот на привлекување на странски инвестиции истото го прават, нудејќи можеби подобри услови во смисла на поголеми пазари споредено со нашиот, понатаму можеби и други поволности кои се уште нашата влада не ги нуди.

Професор Зоран Ивановски вели дека работите не можат да се променат преку ноќ, и тоа бара подолго време и поголема упорност од оние кои ја презентираат земјата како атрактивна за инвестирање.

„Факт е дека и лесно не доаѓаат странските инвеститори и сите очекуваат поволности бидејќи повеќето држави кои ја градат својата економска политика на концептот на привлекување на странски инвестиции истото го прават, нудејќи можеби подобри услови во смисла на поголеми пазари споредено со нашиот, понатаму можеби и други поволности кои се уште нашата влада не ги нуди во доволна мерка на странските инвеститори.“

Владата преку оглас бара консултанстка компанија која ќе треба да го анализира проектот за привлекување странски инвестиции. Компанијата, според огласот, ќе треба да спроведе длабинска анализа на воспоставениот систем за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија и да изготви студија со предлог мерки за подобрување на системот. Огласот трае до 25-ти месецов, а проценетата вредност на договорот е 100 илјади евра.

Владина делегација пред само еден месец беше во лов на странски инвестиции САД, а претходно во Канада. Годинава странски инвеститори се бараа од исток до запад, па и на север, од блиските земји на Балканот, до Русија и Скандинавија, па и до далечна Кина и Јапонија.

Засега не се знае колку пари се трошат за привлекување на странски инвестиции и по роуд шоуа, а дополнително, според истражувањата на невладините организации, Агенцијата за странски инвестиции и Владата се сврстени меѓу нетранспарентните институции кога е во прашање трошењето на буџетски пари.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG