Достапни линкови

logo-print

Пристоен животен стандард само во владините реклами


Илустрација.

Илустрација.

Иако добрите и малку „помалку добрите“ вести помпезно се најавуваат, преку групни прес-конференции на целата влада, за нив некритички се известува од најголемиот дел од медиумите и сето тоа е проследено со скапа и обемна медиумска кампања, се чини дека фрижидерот на телевизорот не му верува. Граѓаните се жалат дека со платите едвај преживуваат. Цените се зголемуваат, а платите и пензиите со години се на истото ниво.

Македонската јавност со години е бомбардирана од вести за зголемен економски раст, низок јавен долг, зголемување плати и пензии, раст на животниот стандард, некогаш поголем, некогаш помалку голем. Од друга страна, една обична анкета со граѓани во центарот на Скопје покажува дека работите не стојат баш така како што се промовира со скапите телевизиски реклами.

Во една ситуација на нормални услови во опкружувањето очекуваме нашите проекции да се остварат, а можеби и да се надминат на годишно ниво, бидејќи во првиот квартал се надминати.

Владините функционери запрашани за состојбите во економијата секогаш даваат оптимистички изјави – дека растот на економијата е еден од најголемите во Европа, дека јавниот долг е еден од најмалите во Европа, а на прашањата поврзани со буџетскиот дефицит одговараат дека платите, пензиите и субвенциите редовно се исплаќаат. По последните податоци за раст на економијата од 3,9 отсто во првиот квартал од годинава, премиерот Никола Груевски не пропушти да нагласи дека работите се движат во добар правец.

„Во овој квартал имаме раст на економијата и генерално економски резултати коишто се нешто над очекувањата. Растот на БДП од 3,9 проценти во првиот квартал, растот на извозот од 15 проценти и растот на прометот во индустријата од околу 6 проценти се податоци кои укажуваат на едни позитивни економски трендови во земјата, дури нешто подобри и од проекциите на Владата, на Централната банка и на ММФ. Тоа е добро, тоа е одлично и укажува на сигурноста дека нашите проценки за целата година сигурно би требало да се остварат, освен не дај Боже ако дојде повторно некоја надворешна криза, европска или светска, но, да се надеваме дека тоа нема да се повтори и во една ситуација на нормални услови во опкружувањето очекуваме нашите проекции да се остварат, а можеби и да се надминат на годишно ниво, бидејќи во првиот квартал се надминати“, изјави премиерот.

Иако добрите и малку „помалку добрите“ вести помпезно се најавуваат преку групни прес-конференции на целата влада, за нив некритички се известува од најголемиот дел од медиумите и сето тоа е проследено со скапа и обемна медиумска кампања, се чини дека фрижидерот на телевизорот не му верува. Анкетираните граѓани се жалат дека со платите едвај преживуваат. Цените се зголемуваат, а платите и пензиите со години се на истото ниво, велат анкетираните.

Колку сте задоволни од вашата плата? Погледенете ја анкетата и коментирајте овде.

„Јас на времето, во социјализмот, живеев 100 пати поубаво отколку денес што живеам. Имав шанса и на одмор да појдам, во Русија да појдам и на море да појдам, а сега не можам воз да си платам до село да си појдам, куќата да си ја видам, да видам дали е падната или уште стои.“

Јас на времето, во социјализмот, живеев 100 пати поубаво отколку денес што живеам. Имав шанса и на одмор да појдам, во Русија да појдам и на море да појдам, а сега не можам воз да си платам до село да си појдам, куќата да си ја видам, да видам дали е падната или уште стои.

„Ние сме дипломирани електро инженери и нашите почетни плати се смешни во споредба со некои западни земји, каде што стандардот и не е толку повисок колку што платите се различни. Конкретно, нашата почетна плата е 14-15 илјади.“

„Јас мислам дека платата на никого не му е зголемена, цените да, а платата на никого не му е зголемена. Секаде, еве и сопругата каде што работи, никогаш не добила поголема плата, сè е стандардно со години, може да кажам и децении, не години, туку со децении.“

Ние дефинитивно сме на дното според куповната моќ на нашата плата, односно на некој начин ние ни немаме реален пораст на платата, туку имаме реално намалување за еден процент, без разлика на номиналното покачување што одвреме-навреме владата го прав.

„Платата не ни е зголемена многу одамна и од платата не сум задоволна. Трошоците реално кажано се ужас, ужас, давачките се скапи, не стигнува, со кредити сме заглавени, објективно така стојат работите“, велат анкетираните.

Сепак, има и такви што сметаат дека не е владата виновна, туку оти луѓето не сакаат да работат.

„Стандардот наш просечен во Македонија, ако луѓето се жалат, велат немаат леб да јадат, тоа е грешка. Во Македонија леб да нема да јаде некој, тој е не дај Боже од господа казнет, инвалид, тешко болен, инаку, погледнете ја Македонија само колку е празна, колку има необработена земја, не сакаат луѓето да работат, а треба да се работи. Секој вели дај, владата ни е крива, владата не е ни најмалку крива, владата едноставно вели еве ти работи“, вели еден граѓанин.

Тоа значи 2 проценти раст на американската економија е исклучително висок резултат. За разлика од тоа, 2 проценти раст за мала економија не може да се оцени позитивно од аспект на тоа дека веднаш ќе се почувствуваат и поблагопријатни услови или подобрување на животниот стандард или намалување на стапката на невработеност во државата.

Помалку производи со просечната плата

Статистиката ги потврдува тврдењата на мнозинството граѓани дека цените растат многу побрзо од платите. Просечната плата во Македонија изгубила 2.000 денари од својата вредност во изминатите пет години. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од март 2009 до март 2014 година номиналната плата се зголемила за 6,4 отсто, но во исто време реалната плата се намалила за над 4 отсто. Тоа значи дека граѓаните добиваат повеќе пари, но со тие пари може да купат помалку производи. Па така, просечната плата од 21 илјади денари денес, вреди помалку отколку 19 илјади денари пред 5 години.

За да се почувствува пораст на БДП-то, тогаш би требало последователно едно три години да има еден раст, на пример како што е најавен сега, па наредната година 5 отсто, третата година 7 отсто и тогаш ние би влегле во развој.

Универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети дополнува дека сите показатели укажуваат на пад на куповната моќ на граѓаните.

„Ние дефинитивно сме на дното според куповната моќ на нашата плата, односно на некој начин ние ни немаме реален пораст на платата, туку имаме реално намалување за еден процент, без разлика на номиналното покачување што одвреме-навреме владата го прави“, вели Беџети.

Централното прашање е каде оди тој раст, дали оди кај шака луѓе, кај еден грст луѓе, дали тој раст го собира 1 процент или 2 проценти од домаќинствата во Македонија или тој раст се разлева кај сите граѓани на Република Македонија.

Поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев вели дека реалните плати треба да се движат до или нешто под реалниот раст на БДП-то. Со оглед на тоа што во последните 5 години реалниот раст на економијата е под 3 отсто, а во некои години е и во негатива, нема голем простор за раст на реалните плати.

„Ние имаме многу голема прикаска за нашите успеси, а всушност реалноста покажува дека ние сме во тешки економски проблеми. Прво, ние имаме низок раст. Тој низок раст не дава простор за позначајно зголемување на животниот стандард на вработените, на граѓаните, на семејствата, а второ, имаме исклучително лоша дистрибуција на тој и така низок остварен раст во изминатиот период и затоа Македонија се приближува, или веќе влегува, па дури е и влезена во општествата со највисока нееднаквост, односно социјална дистрибуција“, вели Гошев.

Одржливоста зависи и од тоа, така да кажам, дали сте изградиле и споменик, сте изградиле и пат, тоа е проблемот, или тоа е изборот. Поарно е пат, бидејќи ќе донесе приход, полошо е споменик, бидејќи нема да донесе приход, или барем не толкав, или никаков, но во моментот кога се троши луѓе се вработуваат.

Дел од економистите посочуваат дека растот на македонската економија не може да се споредува со оној на високо развиените земји и притоа да се претставува како успешен. Раст од 2 отсто за Германија е солиден, но за земја како Македонија е незначителен. Пресликано на микро ниво, ако на еден човек што заработува 2.000 евра за една година му се зголемат приходите за 2 отсто, тој ќе заработува 2.040 евра и ќе продолжи да живее убаво, но ако за 2 отсто му ги зголемите приходите на човек што заработува 200 евра, тој ќе добива 204 евра и ќе продолжи да живее сиромашно. Со ваквите стапки на раст, посочуваат експертите, на Македонија ќе ѝ бидат потребни децении за да го достигне нивото на ЕУ.

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски објаснува дека истите стапки на раст имаат различно значење за различни држави.

Прво, 3,9 отсто е малку со оглед на тоа колку пари потроши владата во предизборието за да ги добие изборите. Со толку пари друга економија ќе оствари раст од 8 отсто, а не од речиси 4 отсто.

„Тоа значи 2 проценти раст на американската економија е исклучително висок резултат. За разлика од тоа, 2 проценти раст за мала економија не може да се оцени позитивно од аспект на тоа дека веднаш ќе се почувствуваат и поблагопријатни услови или подобрување на животниот стандард или намалување на стапката на невработеност во државата“, изјави неодамна Ивановски.

Тој објаснува дека за граѓаните да почувствуваат подобрување, односно да се зголеми животниот стандард и осетно да се зголеми стапката на вработеност, на Македонија и треба раст од 5-6 отсто во најмалку 4-5 години последователно.

Со сличен став и универзитетскиот професор Сеадин Џафери.

„За да се почувствува пораст на БДП-то, тогаш би требало последователно едно три години да има еден раст, на пример како што е најавен сега, па наредната година 5 отсто, третата година 7 отсто и тогаш ние би влегле во развој“, вели Џафери.

Од друга страна, Гошев вели дека прашањето не е само колкав е растот, туку и како е распореден. Ако растот оди само кај мала врхушка луѓе, за мнозинството граѓани, тоа не значи ништо, вели тој.

„Може Македонија да оствари 3 отсто раст, може да оствари и 4 отсто. Потенцијалниот раст на Македонија не е голем. Со прегреана потрошувачка може да се подигне на 5 проценти или 6 проценти, меѓутоа продуктивниот капацитет на економијата е слаб поради ниското техничко технолошко ниво, вкупната организација итн. Но, тоа е споредно прашање. Централното прашање е каде оди тој раст, дали оди кај шака луѓе, кај еден грст луѓе, дали тој раст го собира 1 процент или 2 проценти од домаќинствата во Македонија или тој раст се разлева кај сите граѓани на Република Македонија. Значи, може и 5 отсто да е, ама ако го собере фамилијата на власт, народот нема да види ништо од тоа“, изјави Гошев во неодамнешното интервју на Радио Слободна Европа.

Тезата на Гошев ја потврдува и џини индексот на Светската банка, кој покажува дека Македонија е земја со најголема класна раслоеност во Европа, односно дека во последните години богатите стануваат уште побогати, а сиромашните осиромашуваат.

Само со суштински реформи до подолгорочен раст

Клучно прашање е како да се стигне до тој посакуван раст што ќе се одрази на зголемување на животниот стандард. Дел од економистите посочуваат дека во случај на криза, економскиот раст може да се поттикне со зголемена јавна потрошувачка. Економскиот аналитичар Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии посочува дека економијата може да ја придвижат инвестиции во инфраструктурата, наместо непродуктивни трошења кои влијаат само на краток рок.

„Одржливоста зависи и од тоа, така да кажам, дали сте изградиле и споменик, сте изградиле и пат, тоа е проблемот, или тоа е изборот. Поарно е пат, бидејќи ќе донесе приход, полошо е споменик, бидејќи нема да донесе приход, или барем не толкав, или никаков, но во моментот кога се троши луѓе се вработуваат“, вели Глигоров.

Опозицијата се согласува дека зголемените јавни трошења може да го забрзаат економскиот раст, но критикуваат дека растот е премногу мал со оглед на тоа што владата премногу се задолжува за да ја зголемува потрошувачката. Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, вели дека не го радува многу податокот за раст на БДП-то од 3,9 отсто во првото тримесечие од годината.

„Прво, 3,9 отсто е малку со оглед на тоа колку пари потроши владата во предизборието за да ги добие изборите. Со толку пари друга економија ќе оствари раст од 8 отсто, а не од речиси 4 отсто“, вели Узунов.

Владата до крајот на мај годинава потроши 217 милиони евра повеќе отколку што прибра од даноци и други давачки и со тоа потроши над 72 отсто од предвидениот буџетски дефицит за целата година. Најголемиот дел од потрошените незаработени пари беа во првите три предизборни месеци од годината.

Професор Беџети вели дека за поголем раст се потребни структурни реформи во економијата и воспоставување функционално пазарно стопанство.

„Почнувајќи од делување за заштита на правото на имотот, донесување правични судски одлуки за претпријатијата, заштита на нивниот капитал и примена на законите, секоја компанија да биде сигурна дека кога е во прашање некој судски спор, дека таа ќе добие врз основа на позитивните прописи, а не врз основа на нарачките што ги добуваат судиите. Сè додека овие мерки не се функционални, сигурно дека не може да се каже дека се работи за функционално пазарно стопанство. Знаете, овде не сте сигурни во ништо, во кој било спор ниедно претпријатие не е сигурно како ќе заврши во нашите судски лавиринти“, вели Беџети.

Професор Сеадин Џафери, пак, вели дека на Македонија ѝ требаат повеќе странски инвестиции, но оти земјава мора да создаде услови за нив.

„Сепак, ние сè уште не сме сигурно подрачје, опкружени сме со доста проблеми и поради тоа немаме инвестиции“, вели тој.

Економските експерти додаваат дека се потребни повеќе странски инвестиции, инвестирање во инфраструктура, зголемување на извозот, гарантирање на безбедноста и правото на имот, независно судство, а на сето тоа треба да се додаде и зависноста од економските движења во ЕУ.

Поради летните одмори, денеска ја реобјавуваме саботната анализа што првично беше објавена на 28 јули годинава.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG