Достапни линкови

Кери на разговори со палестински претставници


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери во Лондон разговараше со главниот палестински преговарач Саеб Ерeкат околу чекорите за утврдување временска рамка за ставање крај на израелската окупација. По овие разговори палестинската делегација го цитираше Кери кој изјавил дека Вашингтон ќе ставел вето на нацрт резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара од Израел за две години да ги напушти окупираните палестински територии. Во оптек е и француска нацрт резолуција во која се поставува рок од две години за конечен мировен договор, но без да се спомнува израелско повлекување.

XS
SM
MD
LG