Достапни линкови

Студентите со хиперенергија за нов почеток


И покрај сите притисоци на власта, се собра голема маса студенти и граѓани кои јасно го искажаа својот револт кон власта. Собирот беше студентски, мултинационален, без партиски, национални и верски симболи.

Редица професори и студентите излегоа со ставови со кои го оправдуваат и го поддржуваат државниот испит, а владата во овие дваесетина дена од првиот до вчерашниот втор студентски протест остана одлучна дека тој ќе се спроведе. На денот на одржување имаше и јавувања за заклучени врати на средни училишта поради желбата на некои средношколци да им се приклучат на студентите, со што се во јавноста се засили мислењето дека се прават притисоци да нема масовност.

Сум имала прилика да протестирам по милион други основи, меѓутоа, но вчера тоа не беше енергија, туку хиперенергија што се случуваше на улиците.

Во меѓувреме не стивнаа ниту тврдењата дека тој е партиски мотивиран и организиран од кругови блиски до опозицијата. Премиерот Никола Груевски, викендов процени и дека на крај, сè ќе се сведело на протест на партиските активисти, а обид за такво боење имаше и по првото излегување на студентите на улица, кога министерот за образование Абдилаќим Адеми рече дека се знаело кој можело да бара оставка, а тоа биле политичките партии.

Но и покрај ваквите ставови на коалициските партнери од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вчера протестот беше масовен, а сепак на него имаше најмногу студенти и млади луѓе. Заедно излегоа и Македонци и Албанци, немаше партиски, национални и верски симболи, а се помина без никакви инциденти. Во она што се случуваше на скопските улици, професорката Гордана Попсимонова вели дека препознала нова енергија што се јавува во Македонија.

Така што вчерашните протести, во тој број од девет до десет илјади потврдува дека јавноста веќе и го има свртено грбот на власта. Можеби тоа не е доминантен од 80 отсто, но мислам дека на владината коалиција и стана јасно дека има сериозен проблем со својата популарност и поддршка кај граѓаните.

„Јас вчера бев во средината на таа огромна колона млади луѓе, до мене чекореа студенти кои зборваа Албански, кои се смееја, беа ведри, од другата страна имаше еден повозрасен брачен пар добро „наоружан“ со свирчиња, со радост. Сум имала прилика да протестирам по милион други основи, меѓутоа, но вчера тоа не беше енергија, туку хиперенергија што се случуваше на улиците“, вели Попсимонова.

Ова е конкретен одговор од младите до власта на обидот се да се држи под контрола, вели аналитичарот Арсим Зеколи, кој смета и дека треба да се нагласи што на протестите учествуваа студенти од сите етнички заедници.

„Доколку подобро погледаме ќе видиме дека станува збор за една нова генерација израсната во дух на наметнати и насилни поделби по партиски линии и нејзиниот однос, тоа дека тие се спротивставуваат на манипулации, на притисоци, на закани и на злоупотреби на сите од која било страна, а во овој случај од онаа на власта, е еден мал новитет, Така што вчерашните протести, во тој број од девет до десет илјади потврдува дека јавноста веќе и го има свртено грбот на власта. Можеби тоа не е доминантен од 80 отсто, но мислам дека на владината коалиција и стана јасно дека има сериозен проблем со својата популарност и поддршка кај граѓаните“, вели Зеколи, кој додава дека ова се генерации кои користат социјални мрежи и интернет, се информираат што се случува и во земјава, но и во светот па затоа ова, како што додава, го потсетувало на она што се случуваше во Европа во 1968 година кога студентите тогаш преку телевизија гледале што се случува на други места.

„И тоа подриваше еден револт кон конзервативните кругови наследени уште од Втората светска војна. Истиот момент го имаме сега на Балканот, во регионот, во која младите преку овие социјални мрежи, преку достапноста на информациите и посебно поради таа веќе заситеност од овој лажен, десничарски, криминален конзервативизам, полека разбираат дека станува збор за еден нов дух кој ќе мораат сами да го произведат, за да добијат своја шанса под сонцето “, вели Зеколи.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG