Достапни линкови

Средба на Ахмети со германската амбасадорка Алтаузер


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со германската амбасадорка во Македонија Кристин Алтаузер. На средбата, како што соопшти партиската прес-служба, разговарале за актуелните политички случувања во Македонија, евроатлантската интеграција, православната албанска заедница во земјата и случајот Монструм.

Ахмети истакнал дека клучниот проблем со кој се соочува Македонија е решавањето на спорот за името, бидејќи, според него, оваа пречка ја држи во заложништво евроатлантската иднина на Македонија и ги влошува меѓуетничките односи врз кои се гради општеството во Македонија. Тој посочил дека улогата на Германија во овој процес е клучна и ги поканил властите во Берлин директно да се ангажираат во олеснувањето на постигнување решение.

Алтаузер ја истакнала германската поддршка за побрзо решавање на проблемот и дека очекува посветеност од двете страни за надминување на билатералниот спор за името, за што Германија била подготвена да помогне.

XS
SM
MD
LG