Достапни линкови

logo-print

Хашкото обвинителство побара враќање на Шешељ во притвор


Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска побара укинување на одлуката за привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ, под образложение дека неговото однесување по враќањето во Србија ги поткопува основите за привременото ослободување. Обвинителството исто така побара, по враќањето на Шешељ во Хаг, под итно да закаже расправа за разгледување на неговата здравствена состојба и условите за неговото евентуално пуштање на слобода во иднина и да се утврди дали тој е подготвен да се придржува до таквите услови. Во образложението на барањето на Обвинителството се наведува дека однесувањето на Шешељ по враќањето во Србија ги поткопува основите на одлуката за негово привремено пуштање, која Судскиот совет ја донесе на 6 ноември. При донесувањето на одлуката за привремено ослободување на Шешељ, Судскиот совет „стриктно постапил врз хуманитарни основи“, со образложение дека добил доверливи информации кои укажуваат на „влошување на здравствената состојба на обвинетиот“, се наведува во поднесокот.

XS
SM
MD
LG