Достапни линкови

Економски недоразбирања со Косово, политички последици


Архивска фотографија - Затворена македонско-косовската граница по проблемите со пченицата.

Архивска фотографија - Затворена македонско-косовската граница по проблемите со пченицата.

Меѓу Македонија и Косово нема некои крупни отворени политички прашања. Меѓутоа, честопати некој економски проблем прераснува и во политички. Тоа, според некои аналитичари, е поради бизнис интереси на поединци или лоби групи.

Дел од економистите укажуваат дека односите меѓу Македонија и Косово не треба да се обременети со политика, бидејќи тоа се одразува во економијата. До ова доаѓа откако Косово најави дека ќе ја тужи Македонија за субвенционирање на авио-компаниите со аргумент дека ги нарушува бизнис правилата.

Жалосно е тоа што нашата влада и во случаите со блокадата околу пченицата и околу одредени други несогласувања на економски план со Косово, не излегува до крај со чист став и објаснување за што всушност се работи.

Запрашана дали зад честите реакции меѓу двете земји стојат бизнис интереси на поединци, економистот Слободан Најдовски кој е и поранешен пратеник кажа дека одговорноста за сè што се случува ја имаат владите.

„Политичките прашања коишто задираат широко меѓу земјите на Балканот не би требало да ги оптоваруваат економските односи, односно економската соработка. Жалосно е тоа што нашата влада и во случаите со блокадата околу пченицата и околу одредени други несогласувања на економски план со Косово, не излегува до крај со чист став и објаснување за што всушност се работи“, вели Најдовски.

На констатацијата на Најдовски дека постојат индиции дека економските релации се обременети со политика, Арбен Халили од Северозападната комора на Македонија изјави дека има прашања кои се оптоварени со нејасни економски политики.

Ваквите недоразбирања или пречки, можам да кажам дека повеќе се резултат на некои лоби групи, зошто да не и кон некои несоодветни економски политики кои самите земји планираат да ги развијат со одредени земји, а со одредени да ги блокираат.

„Ваквите недоразбирања или пречки, можам да кажам дека повеќе се резултат на некои лоби групи, зошто да не и кон некои несоодветни економски политики кои самите земји планираат да ги развијат со одредени земји, а со одредени да ги блокираат.“

Во економски поглед земјите на Балканот мора да останат отворени. Ние сме соседи и мора да соработуваме, вели Халили.

„Сите треба да се фокусираме кон заедничкиот економски развој бидејќи пазарот е мал за да се натпреваруваме меѓу себе.“

За Најдовски особено се неприфатливи последните економски проблеми меѓу Македонија и Косово кои настанаа поради субвенциите за авиокомпаниите.

„Главната причина зошто реагираат е големиот број на патници од Косово кои патуваат од скопскиот аеродром. Треба да се седне, да се разговара, бидејќи нашите соседи се добри економски партнери, не само Косово, тука е и Србија, и Грција, Бугарија, Албанија, треба владата да разговара и да им помогне на нашите стопанственици да не се доведуваат во незгодна ситуација“, вели Најдовски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG