Достапни линкови

Нови проекти за развој на североисточниот регион


Центарот за развој на североисточен плански регион постои веќе пет години и сега започнува со реализација на нова петгодишна програма. Но кумановци не знаат за Центарот и велат дека ништо не е направено за тој регион.

Центарот за развој на североисточниот плански регион започнува со реализација на нова петгодишна програма, во соработка и со поддршка од германската развојна фонадација „Програмата за локален и регионален економски развој.“ Во дефинирањето на програмат се вклучени соработници од локалните администрации во шесте општини, Куманово, Старо Нагоричино, Липково, Ранковце, Кратово и Крива Палнка и од невладиниот сектор. При тоа ќе се работи на целите и акцентите на овој регион.

Започнуваме од областа на инвестициите, економијата, транспортот, инфраструктурата, социјалата, развојот на туризмот, културата, образованието, животната средина.

„Започнуваме од областа на инвестициите, економијата, транспортот, инфраструктурата, социјалата, развојот на туризмот, културата, образованието, животната средина. Исто така и на другите активности кои се значајни за подигање на руралниот развој, соработка со невладиниот и бизнис секторот“, вели Атина Мургашанска, заменик раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Според неа, до сега биле реализирани низа проекти за меѓугранична соработка од ИПА програмата со Република Бугарија, со новоотворените повици ќе се започне соработка и со Косово, а има успешна соработка со Република Словенија во рамките на програмата на Европската унија насловена „Програма за граѓаните.“

„Една од точките е и акцентот на заштита на животната средина, складирање и управување со отпадот“, вели Мургашанска.

Бобан Бојковски од Министерството за животна средина додава дека и до сега се реализирани програми од значење за овој регион, а во наредниот период смета дека по добра и издржана програма ќе се пристапи кон нејзина реализација.

Последните години ништо нема направено тука.

„Сега ќе направиме анализа што е направено во изминатиот петгодишен период и како понатаму да се унапреди заштитата на нашата животна средина.“

Иако Центарот за развој на североисточен плански регион како законска обврска на нашата држава постои веќе пет години, кумановци речиси и да не знаат што е тоа, која е неговата функција и кои проекти има реализирано. Запрашаните без изненадени

„Не, никогаш не сме слушнале.“

Не знам што направиле.“

„ Последните години ништо нема направено тука.“

Центарот за развој на североисточен плански регион за повеќето кумановци е енигма. Дали тие не се доволно информирани или пак она што се реализира се уште не се забележува, велат некои од запрашаните граѓани.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG