Достапни линкови

logo-print

Политиката се меша и во бизнис врските со соседите


Политиката има влијание врз бизнис релациите со соседните земји, но економските релации кои ги гради бизнис секторот треба да ја победат политиката.

Бизнисмените се поделени во нивните ставови за степенот во кој политиката има влијание врз бизнис релациите со соседните земји. Во еден период актуелни беа блокадите меѓу Македонија и Косово и проблемите со пченицата со Србија кои се надминаа.
Тие силни економски релации коишто ги создава бизнис секторот од една и до друга земја тие треба да бидат двигател на општеството.


Јован Дабевски, кој работи во млечната индустрија, вели дека ако сите земји имаат иста цел, а тоа е пазарна економија, европски стандарди и членство во докажани трговски организации, тогаш политиката треба да се труди да не се меша во економијата.

„Обратно е барањето да се бара со политички средства да се ставаат квоти, прелевмани, заштити итн., кај некои ризични производи тоа се прави во кратки временски интервали од месец, два, меѓутоа во другиот период од годината непречено си функционира. Tаков беше односот и со Србија и после тоа продолжи нормално да си работи, така што тие силни економски релации коишто ги создава бизнис секторот од една и до друга земја тие треба да бидат двигател на општеството.
Ако владата се фокусира на реализирање на коридорот 8, сугурен сум дека ќе биде многу подобра и економската клима во земјата, но и бенефициите од овој коридор ќе бидат многу подобри.

Меѓутоа, Арбен Халими од северозападната Стопанска комора потсетува дека проблемот со Косово кога беше воведено ембарго директно влијаело врз бизнисите во двете земји. Тој дополнува дека поради тоа трговската размена се преполовила во тој период. Од друга страна, тој вели дека Македонија има добри трговски односи со Албанија и Бугарија.

„Тоа може да се види и од статистичките податоци, трговската размена со Бугарија е 60 со 40, значи на некој начин доаѓаме до некој баланс, а со Албанија е подобро, повеќе извезуваме, отколку што увезуваме од таму“, вели тој.

Само со конкурентни производи и добра економска политика може заеднички да придонесеме за добри деловни релации, вели Халими. Според него, споредено со други земја се забележува дека за инфраструктурните проекти целото внимание на државата е сконцентрирано на реализирање на коридорот 10, а подзаборавен е коридорот 8, освен што пред еден месец беше поставен камен темелник за автопатот Кичево-Охрид.

„Коридорот 8 којшто може да игра голема улога за развојот на цела земја, бидејќи почнува од Турција, преку Бугарија, Македонија, продолжува Албанија, Италија, за жал е целосно заборавен. Ако владата се фокусира на реализирање на коридорот 8, сугурен сум дека ќе биде многу подобра и економската клима во земјата, но и бенефициите од овој коридор ќе бидат многу подобри“, вели Халими.

Според него, ако владата се фокусира на реализирање на коридорот 8 ќе има повеќе бенефиции со оглед дека Албанија е земја членка на НАТО. Со реализирање на коридорот 10 поголем интерес имаат Србија и Грција, вели Халили.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG