Достапни линкови

Пукано кон набљудувачи на ОБСЕ во Украина


Од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопштија дека кон група на нивни набљудувачи било стрелано од страна на „униформирано лице“, во источниот дел на Украина. Од ОБСЕ велат дека унифомираниот човек испукал два куршуми кон возила на ОБСЕ, на околу 15 километри од Доњецк. Конвојот веднаш ја напуштил областа. Од организацијата не прецизираат дали за инцидентот се виновни владините сили или про-руските сепаратисти, но велат дека се случил на територија која е во рацета на владините сили.

XS
SM
MD
LG