Достапни линкови

logo-print

Хуман човек од Скопје донираше за семејството Спасовски


Светлана Спасовска од кумановското село Горно Коњаре.

Светлана Спасовска од кумановското село Горно Коњаре.

Сиромашното тричлено семејство Спасовски од кумановското село Горно Коњаре, доби помош од еден хуман донатор од Скопје. Иако пред него се јавија и неколкумина други кои најавуваа дека сакаат и можат да помогнат, ги снема.

Откако Радио Слободна Европа ја објави тешката животна сторија на сиромашното тричлено семејство Спасовски од кумановското село Горно Коњаре, еден хуман донатор од Скопје, кој децидно инсистираше да остане анонимен, им даде извесна парична сума, која би можела да им се најде за нешто што им е најнеопходно. Овој хуман човек лично го посети семејството, а на овој потег се одлучил бидејќи бил трогнат од сиромаштијата и болеста.

Никој. Само вие што се трудите. Сузе ми донесе облека за дете, никој друг не се заинтересира. Ова е за голема благодарност. За социјална помош ми рекоа дека ќе ми помогнат, а за туѓа нега кога ќе добијам социјална помош, немав пари 500 денари да платам кај докторката тогаш.

Иако пред него се јавија и неколкумина други кои најавуваа дека сакаат и можат да помогнат, ги снема, од ним познати причини.

Од Центарот за социјални работи во Куманово семејството било посетено, но законските рокови и административни процедури се пречка па помошта доцни. Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски исто така најави дека семејството ќе добие еднократна парична помош откако ќе поднесе барање. За жал, оние кои преземаа обврска, меѓу кои и еден од советниците во општинскиот Совет по потекло од ова село, не останаа доследни на ветеното.

Спасовски се благодарни за досегашната помош.

Тоа е, нема друга помош. Морам да се борам детенцето да го изведам на пат. Благодарна сум му и на соседот кој ми даде вода и куќа. Што друго да кажам!.

„Никој. Само вие што се трудите. Сузе ми донесе облека за дете, никој друг не се заинтересира. Ова е за голема благодарност. За социјална помош ми рекоа дека ќе ми помогнат, а за туѓа нега кога ќе добијам социјална помош, немав пари 500 денари да платам кај докторката тогаш“, раскажува 42-годишната Светлана чиј 10 години постар сопруг Благоја, болен од карцином на грлото, беспомошно лежи во постела, ги поднесува болките, не може ниту да зборува, ниту, пак, нешто од храната да стави в уста.

Седумгодишниот син Никола, како што вели Светлана, многу приврзан, молчеливо ја поднесува болеста на татко му.

„Поднесува. Мора да поднесе. Се плашам дека ќе му остане некоја последица, зашто тој воопшто не се делеше од татко му. Тоа е, нема друга помош. Морам да се борам детенцето да го изведам на пат. Благодарна сум му и на соседот кој ми даде вода и куќа. Што друго да кажам!“, низ солзи раскажува оваа жена.

Семејството Спасовски до болеста на сопругот, иако западнато во беда и сиромаштија, никогаш не барало помош од никого. Светлана и Благоја работеле секаде каде што ги повикувале луѓето. Никогаш не прашувале дали работата е тешка или не. Најчесто прифаќале физичка работа, лете по селските ниви, а потоа Благоја сечел дрва за огрев на соседите. На тој начин обезбедувале по некоја вреќа брашно, дрва за себе, по некој денар за облека и училишните потреби за седумгодишниот Никола.

Светлана вели дека и таа и детето тешко ја поднесуваат болеста на сопругот. Таа постојано е покрај неговата постела, иако не може да му помогне, а уште потешко ѝ паѓа што секој миг страхува дека тој ќе почине, зашто од болницата го пратиле дома како човек кому му нема спас. Светлана низ солзи додава дека ќе мора да се задолжува и за погребот на сопругот.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG