Достапни линкови

logo-print

Кумановци велат дека скромно се подготвуваат за зимата. Пари нема, велат, а треба да се стави зимница, да се купи огревно дрво. Но на крај сите некако се снаоѓаат.

Kумановци кои летото го поминаа во сиромаштија и беспарица, имаат желби и планови како во есента да се подготват за претстојната зима. Колку од тоа ќе реализираат ни самите не знаат, но знаат дека мора да се снајдат. Не ретко ќе забележат дека во севкупната тешка состојба човекот треба да е алхемичар, или пак по онаа познатата „сиромав човек-жив ѓавол.“

Нема. Скапо е за нас што купуваме, а за тој што произведува евтино. Сме работеле по 30 години сега седиме така. Ни помагаат синот и снаата, тие работат.

Не е лесно за невработените што за секој денар чекаат од пензиите на пензионерите, ниту за оние што се корисници на социјална помош, за стечајците. Не им е лесно ниту на земјоделците кои летото го поминале во работа, а временските неприлики им го десеткувале родот.
Некои од запрашаните раскажуваат дека ќе биде тешко, но мора да се снаоѓаат.

РСЕ: Ќе ставате зимница?

„Секако.“

РСЕ: Имате пари?

„Нема. Скапо е за нас што купуваме, а за тој што произведува евтино. Сме работеле по 30 години сега седиме така. Ни помагаат синот и снаата, тие работат.“

Ние сме на село, се мачиме, садиме, оваа година нема ништо. Прскавме, ама ги фати болест и пиперките и патлиџаните,ама,... За нас има, а за продажба нема.

„Мора да ставиме зимница, што да се прави! Пари нема, ние стечајци со 30 години работен стаж, а никој не води грижа за нас.“

„Син ми е женет, многу обврски, а нема од каде. Што да ви кажам.“

„Ние сме на село, се мачиме, садиме, оваа година нема ништо. Прскавме, ама ги фати болест и пиперките и патлиџаните,ама,... За нас има, а за продажба нема.“

Повеќето од запрашаните сметаат дека состојбата во државава е тешка. Или како што велат, за некои и не е. Сакаат да веруваат дека ќе биде подобро, а потоа додаваат барем да биде подобро за нивните внуци. За нив оптимизмот се помалку постои, оти оние што имаат деца на школо не знаат како ќе ги опремат, а и како да обезбедат огрев за зимата која набргу ќе пристигне.

„Не знам, тешка ситуација. Минатата се греевме на дрва. Сега преку биро земам четири илјади денари, а седум члена сме. Ќе биде тешко.“

„Од социјално две илјади денари земам. Ма какво дрво, нема ништо. Три деца од 18,17 и 14 години. Треба многу пари. Сопругата не работи, болна мајка, прима надоместок за туѓа нега што само за лекови не е доволно.“

„Оваа држава за некого е добра, за некого не. Јас сум работела 30 години, а сега чекам свекорот да земе пензија, зашто немам денар, не би кажала дека е добро“, велат некои од запрашаните кумановци кои своите маки си ги споделуваат на клупите на градскиот плоштад, и како што дидаваат по цел ден пресипуваат од шупло во празно, оти друго чаре нема. Понекогаш се надеваат дека можеби ќе помине некој што ќе им понуди каква-таква работа.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG