Достапни линкови

Пусиќ загрижена за ставот на Русија кон Босна


Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ.

Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ.

Руското барање од резолуцијата за БиХ на Советот за безбедност на ОН да се исфрли реченицата во која се споменуваат евроатлантските интеграции предизвикува загриженост, изјави денеска хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ.

Украинската криза и односите со Русија се главната тема на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите членки во Брисел, на кој учествува и Пусиќ, а на чиј дневен ред е и расправата за Босна и Херцеговина.

Таа изјави дека при гласањето за резолуцијата за БиХ во Советот за безбедност на ОН Русија побарала од резолуцијата да се исфрли реченицата за евроатлантската перспектива на БиХ. На крајот Русија не гласала против резолуцијата, туку била воздржана, а министерката Пусиќ истакна дека тоа е првпат да се има ваков став за земја која не се граничи со Руската Федерација.

Пусиќ истакна дека евроатлантските или барем европските интеграции за земјите од југоисточна Европа се исклучително важни, бидејќи сите овие земји не се заинтересирани за членство во НАТО, но се за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG