Достапни линкови

Лидерите на протестите во Хонг Конг не може да патуваат во Кина


На тројца лидери на продемократските протести во Хонг Конг не им беше дозволено да патуваат во Пакинг, каде што се надеваа дека ќе се сретнат со кинеските државни претставници. Лидерите на Федерацијата на студенти од Хонг Конг денеска соопштија дека аеродромската управа им кажала дека нивните дозволи за патување во Кина биле откажани од кинеските власти. Оваа студентска организација предводи шестнеделни масовни протести во Хонг Конг кои парализираа делови од градот. Демонстрантите бараат право Хонг Конг да ги одобри кандидатите за изборите за власти на Хонг Конг во 2017 година, но властите во Пекинг одбиваат и нагласуваат дека тие ќе ги именуваат кандидатите. Протестите предводени од студентите беа нарекувани „чадор револуција“ поради чадорите што ги носат демонстрантите за заштита од полицискиот солзавец.

XS
SM
MD
LG