Достапни линкови

logo-print

Владата веќе осум години спроведува политики за вработување со кои треба да се намали невработеноста кај младите, но стапката на невработеност е сè уште многу висока.

Условите за започнување на мали бизниси во Македонија се релативнo добри, главно поради воведувањето на едношалтерскиот систем, оценуваат експертите, но според нив најголемите проблеми со кои се соочуваат младите претприемачи се пристапот до финансии и до надворешните пазари.

Мислам дека ефектите од овие програми за самовработување се минимални, да не кажам дека воопшто нема ефекти.

Деновиве премиерот Никола Груевски најави дека проектот за самовработување продолжува и натаму. Владата веќе осум години спроведува политики за вработување, меѓу кои и програмите за самоврабутување со кои треба да се намали невработеноста кај младите.

Илустрација.

Илустрација.

Економскиот аналитичар Висар Адеми оценува дека овие проекти имаат мали ефект, бидејќи Владата во исто време промовира и програми за вработување во државната администрација.

Овие мерки стимулираат млади луѓе, кои размислуваат за отворање на свој бизнис, но од друга страна мора да напоменеме дека овие мерки не го решаваат проблемот со вработување на младите.

„Мислам дека ефектите од овие програми за самовработување се минимални, да не кажам дека воопшто нема ефекти. Тоа е затоа што владата промовира, да кажеме, два најголеми проекти во таа владина програма, првиот е за вработување во државната администрација или во јавните претпријатија, за кои младите во Македонија сè почесто и повеќе се заинтересирани, затоа што имаат загарантирана работа и се знае дека нивниот ефект или нивниот инпут е многу мал, и втора работа е простување на долговите што ги имаат овие ранливи категории по секоја основа, мислам дека тие знаат дека што и да направат има некој што ќе гарантира за нив“, вели Висар Адеми.

Зоран Илиески од Коалицијата на младински организации „СЕГА“, смета дека ваквите мерки ги стимулираат младите да отвораат сопствени бизниси, но според него засега мерките не го решаваат проблемот со невработеноста кај младите, бидејќи опфаќаат мала број млади.

„Овие мерки стимулираат млади луѓе, кои размислуваат за отворање на свој бизнис, но од друга страна мора да напоменеме дека овие мерки не го решаваат проблемот со вработување на младите, бидејќи овој пристап треба да биде многу повеќе проширен, односно да се пружат поголем број на вакви поддршки и да се зголеми ефикасноста. Сметам дека многу е рано да се зборува за истата, бидејќи ефектите ќе ги видиме на многу подолг рок. Тука мора да се создаде некој стимул кој ќе гарантира дека сите овие бизниси ќе бидат одржливи на подолг рок. Не смееме да дозволиме да се случи да се отворат нови бизниси кои ќе згаснат за година или две“, вели Зоран Илиески.

И Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Македонија наведува дека допрва треба да се види колкав е ефектот на владините мерки за справување со невработеноста на младите. Јавниот сектор останува главниот работодавач, а националниот буџет за активни програми и мерки за вработување, кој е намален во 2014 година не е доволен да ги исполни потребите на пазарот на трудот.

Европската Комисијата посочува дека земјата има направено ограничен напредок во областа на вработувањето, но сепак стапката на невработеност, која во последните години опадна и натаму e висока, a еден од главни предизвици сè уште e високoто ниво на невработеност кај младите лица.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG