Достапни линкови

Младите се иселија од државата чекајќи вработување


Половина од младите во Македонија не се вработени, а подраматично е дека има долготрајна невработеност. Според некои истражувања, секој млад човек просечно чека работа пет години. Податоците кажуваат дека 25 проценти од висококвалификуваниот кадар перманентно заминува од државата.

Статистиките впечатливо укажуваат на еден од клучните проблеми во државата, огромната невработеност на младите која во овој момент се искачува на преку 50 проценти. Половина од младите во Македонија не се вработени, а подраматично е дека има долготрајна невработеност, каде младите кои бараат работа не може да најдат вработување подолго од една година.

Според некои истражувања, секој млад човек просечно чека работа пет години. Се верува дека голем број млади луѓе се разочарани во институциите на системот и се обесхрабрени да бараат работа и поради тоа што постои голема неусогласеност меѓу нивните очекувања за време на школувањето и реалната состојба на пазарот на трудот. Дел од заслугите за ова има и образовниот систем, вели Дона Костуранова од Младинскиот образовен Форум.

Младите во Македонија кога ќе дојдат на пазарот на трудот кој и онака е ограничен, помалку се конкурентини, затоа што немаат претходни работни искуства, праксата се спроведува делумно или половично, ако не и воопшто.

„Младите во Македонија кога ќе дојдат на пазарот на трудот кој и онака е ограничен, помалку се конкурентини, затоа што немаат претходни работни искуства, праксата се спроведува делумно или половично, ако не и воопшто и заради тоа не можат да го стават во своето портфолио, а дополнително предизвик е што образовниот систем не гради доволно практични вештини за младите всушност да бидат конкурентни на пазарот на турдот.“

Но да се смета дека младите не се доволно компетентни често претставува свесно свртување на вниманието од вистинскиот проблем, а тоа е лошата или никаквата политика за вработување на младите.

Тоа функционира во определни кругови, постојат млади коишто ги искористиле овие можности за волонтирање и за учење во странство, меѓутоа тоа во Македонија не е ни оддалеку, онолку колку што е во другите држави.

Според истражувањата на Реактор, активните мерки за вработување не стигаат до оние за кои се наменети. Дури 80 проценти од младите се изјасниле дека од Агенцијата за вработување не добиваат никаква помош или совет при барање работа.

„Некои мерки се преземаат, какошто се на пример мерките за вработување на млади лица до 29 години, но од друга страна постојат и мерки коишто се сосема контрадикторни на нив, како што е на пример можноста на лицата коишто се постари да го продолжат својот работен однос наместо да одат во пензија со што всушност не можат да се вработат млади лица“, дополнува Костуранова.

Експертите објаснуваат дека денеска ситуацијата на пазарот на трудот е таква што погрешно водените економски политики го спречуваат приватниот сектор, а работни места се отвораат само во администрацијата. Како резултат на тоа имаме амбиент во кој државата се смета за идеален работодавач, каде за работа вреди да се чека со години. Ако на ова се додаде демографскиот тренд тогаш јасно е зошто ситуацијата може да се нарече загрижувачка.

Податоците кажуваат дека 25 проценти од висококвалификуваниот кадар перманентно заминува од државата. Доколку овие податоци се споредат со неискористеноста на европските фондови наменети за млади преку Националната агенција за програми и мобилност, се гледа дека младите не се ниту никаков влијателен фактор и во креирањето на младинските политики“, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

„Тоа функционира во определни кругови, постојат млади коишто ги искористиле овие можности за волонтирање и за учење во странство, меѓутоа тоа во Македонија не е ни оддалеку, онолку колку што е во другите држави. Треба да се бара вина во оние институции надлежни за тоа, како Националната Агенција, да ги популаризира овие програми, а потоа и другите образовни институции коишто не се доволно заинтересирани да овозможат формирање на младите“, вели вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG